Домаќините се фаворити во дербито на Лисабон

Наполи – Сасуоло (21:45 ч.)

Меч кој не решава премногу затоа што Наполи преку Купот на Италија си обезбеди место во Европа, а Сасуоло нема никакви шанси да оди понапред од осмото место на табелата. Сасуоло имаше неколку одлични меча во кои на гости го победи Лацио, а дома одигра 3:3 против Јувентус.

Малку неверојатно е но Сасуоло во сите 10 меча по враќањето на мечевите во Серија А одигра гол-гол, а само еден дуел не бил ГГ3+. И кај Наполи е слична ситуацијата затоа што во последните шест меча одигра ГГ, а во овој период пет пати било ГГ3+.

Предлог тип: ГГ3+ (1.75)

 

Бенфика – Спортинг (22:15 ч.)

Повеќе од 100 години е стара традицијата на градското дерби меѓу двата најтрофејни клуба во Лисабон. Да беше некоја друга ситуација овој меч можеше да го реши шампионот, но вака од натпреварувачки аспект нема голем влог ова дерби, затоа што Спортинг е сигурно втор, а Бенфика ќе игра во Лигата на Европа. Шампионскиот трофеј од првенството замина во Порто.

Вкупно 308 меча одиграле меѓусебе, во кои Бенфика има 134 победи, а Спортинг се радувал на 109 средби. Бенфика се радувала четири пати на последните пет средби, па и сега не треба да дозволи пораз на свој терен во последниот меч.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.78)

 

Бреша – Парма (17:15 ч.)

Бреша веќе не може да се спаси од испаѓање и со поразот од Лече во минатото коло и теоретски се збогува од шансите за опстанок. Тимот кој има само три победи во 17 меча на свој терен нема квалитет за елитно натпреварување. Парма е противник кој може се кого да победи, а тоа го покажа и во последниот меч против Наполи (2:1).

Последните девет меча на Бреша се 3+, а и Парма често игра со многу голови и нема дилема дека ќе биде голеада.

Предлог тип: 3+ (1.57)

 

Химки – Зенит (16 ч.)

Меч кој треба да го даде освојувачот на Купот во Русија. Помалку неверојатно е дека Химки е во финалето, затоа што се работи за екипа од втората лига. Речиси 10 години не играле овие екипи меѓу себе затоа што Химки е со класи послаб од Зенит.

Како шампион на Русија, Зенит сигурно ќе оди на освојување на двојната круна и само прашање ќе биде со колку разлика ќе победи фаворитот.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.30)

 

ГАЗ Метан – ФЦСБ (20:00 ч.)

Две екипи кои немаат шанса за првите три места во Романија. ГАЗ Метан нема победа на последните осум лигашки дуели, а и гостите не се ништо подобри.

На последните осум меѓусебни дуели имало барем два гола, па најдобро е овој меч да се одигра дека ќе има погодоци.

Предлог тип: 1-3 I&1-3 II (1.86)

 

- Оглас -

Најнови вести