Големи непланирани проблеми за Барселона пред мечот со Наполи

Фудбалерите на Барселона ги започнаа подготовките за продолжување на борбата за освојување на Лигата на шампионите. За каталонскиот гигант ова е последна шанса да освои титула сезонава, откако Барселона го загуби приматот во Примера, а во Купот на Шпанија не се пласираше ни во финалето.

Првиот предизвик во продолжувањето на ЛШ, Барселона ќе го има на свој терен против Наполи. Каталонците се фаовирити, а во корист им е и резултатот од првиот меч во Неапол, кога беше 1:1. Сепак, Барселона се соочува со големи проблеми пред реваншот од осминафиналето.

Поради повреди, суспензии или играчи кои немаат право на настап, тренерот на Барселона, Кике Сетјен, на располагање ќе има сaмо 15-мина фудбалери. Артуро Видал и Серхио Бускетс нема да играат поради суспензија, повредени се Самуел Умтити, Роналд Араухо и Усман Дембеле, додека Артур Мело одби да игра до крајот на сезоната. Напаѓачот Брајтвајт поради тоа што дојде надвор од преодниот рок, нема шанса за игра во ЛШ.

Сетјен за мечот против Наполи на располагање ќе има вкупно 15-мина играчи, и тоа: голманите Тер Штеген и Нето, како и фудбалерите: Пике, Ленглет, Алба, Фирпо, Семедо, Ракитиќ, Пуиг, Де Јонг, Роберт, Гриезман, Суарес, Фати и Меси.

 

 

- Оглас -

Најнови вести