Едно е сигурно: Трофејот од најстарото натпреварување во светот ќе остане во Лондон

Од сите Куп финалиња што се играат низ фудбалскиот свет, едно сепак е посебно. Тоа е финалето во англискиот ФА Куп. Зошто токму тоа финале е посебно? ФА Купот е најстарото клупско натпреварување во светот, кое датира уште од 1871 година што значи дека следната година ќе се слави точно 150 години од постоењето на овој турнир. Ова е и најмасовното натпреварување, затоа што шанса за учество добиваат повеќе од 700 клуба во Англија.

РИВАЛСТВО КОЕ ТРАЕ ТОЧНО 200 МЕЧА

По борби во текот на целата сезона, на крајот, во финалето сезонава се пласираа Арсенал и Челзи. Двата лондонски клуба немаа потреба да патуваат многу затоа што мечот за трофејот се игра на „Вембли“. Иако не се најголеми градски ривали, сепак познато е дека повеќе од еден век постои традиција на дуели на овие клубови.

Низ годините во сите натпреварувања одиграле точно 200 натпревари, а Арсенал е поуспешен со 76 победи, додека Челзи се радувал 65 пати. Гол разликата е 279-264 во корист на Топчиите.

АРСЕНАЛ Е НАЈТРОФЕЕН, НО ЧЕЛЗИ Е БЛАГ ФАВОРИТ

Арсенал е клубот кој е познат како најуспешен во ФА Купот. За Топчиите ова ќе биде рекордно 21 финале, а ќе се обиде а стигне до 14-тата титула. За Челзи ова ќе биде 14 финале, а ќе се обиде да стигне до деветиот трофеј. Според игрите и резултатите на двата тима во изминатава сезона, Челзи сепак ќе ја има улогата на фаворит, но тоа не мора ништо да значи.

На последните седум меча на овие две екипи имало вкупно 24 погодоци, што е повеќе од три гола на меч. Ако се знае дека трофеј е наградата по денешниот меч, двата клуба ќе имаат мотив да тргнат офанзивно и со напад да стигнат до тронот.

ЛАМПАРД И АРТЕТА СО ИСТОРИСКА ШАНСА

Дваете екипи сезонава ги предводат млади неискусни стратези, кои сепак се многу искусни кога се работи околу тоа како изгледа притисокот на теренот кога треба да се освоијуваат пехари. Франк Лампард и Микел Артета како играчи беа одлични во боите на лондонските клубови, а сега еден од нив ќе се радува и како тренер во ФА Купот.

Артета како играч на Арсенал овој трофеј го освојуваше во 2014 и 2015 година, а на Лампард тоа со Челзи му успеа дури четири пати и тоа во 2007, 2009, 2010 и 2012 година.

Финале како финале секогаш е интересно и неизвесно, а единствено што се знае уште пред да почне е дека трофејот ќе остане во Лондон. Во Sport Life имате одлични коефицинети за обложување на мечот со кој ќе финишира сезоната во Англија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести