ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Севилја има опасно трио во нападот, Интер им верува на голгетерите Лукаку и Мартинес

Севилја игра за шестиот пехар во Лигата на Европа и ако го освои само ќе си го подобри рекордот, а Интер е во групата екипи што е веднаш зад Андалузијците, со по три трофеи во ова натпреварување и ќе се обиде да ја намали разликата на само една титула зад лидерот на вечната листа.

Атакот на нов трофеј двете екипи вечерва во Келн ќе го почнат во стандардните формации и играчи што веќе ги најавија двајцата тренери.

Јулен Лопетеги се одлучи за вообичаените 4-3-3 со опасното трио Окампос, Сусо и Ен-Несири во нападот, а и Антонио Конте не менуваше ништо, па се одлучи за двоецот Лукаку, Мартинес во форот.

Дуелот ќе почне од 21 часот на „Рајн Енерџи“ стадионот во Келн.

Стартни состави:

Севилја (4-3-3): Боно – Хесус Навас, Кунде, Диего Карлос, Регулион – Банега, Фернандо, Џордан – Сусо, Ел Несири, Окампос. 

Интер (3-5-2): Хандановиќ – Годин, Де Фрај, Бастон – Д‘Амброзио, Барела, Брозовиќ, Гаљардини, Јанг – Лукаку, Мартинес. 

 

- Оглас -

Најнови вести