Лекот за елиминација од ЛШ, Легија и Клуж ќе го бараат во домашното првенство

Легија – Јагелонија (20 ч.)

Легија ги разочара своите фанови, откако на свој терен беше елиминирана од Омонија во квалификациите од Лигата на шампиони. Фаворитот во полското првенство сега треба да се корегира против Јагелонија.

Традицијата вели дека на девет од последните 10 средби на овие клубови, еден од тимовите не успевал да постигне погодок. Тоа значи дека мечот треба да е подарок да се одигра НГ, односно дека барем еден тим нема да погоди. Ако се случи тоа, многу веројатно е гостите да не се израдуваат.

Предлог тип:  1-1&2+ (2.75)

 

Клуж – Сепси (20 ч.)

Клуж имаше исцрпувачка недела, откако на свој терен по голема борба и 120 минути игра, плус изведувања на пенали, беше елиминиран од Динамо Загреб во квалификациите од Лигата на шампиони. Клуж секогаш на свој терен во првенството е фаворит.

Против Сепси, на последните девет меѓусебни средби немало повеќе од два гола, а и сега домаќините тешко дека ќе бидат полетни за многу погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.81)

 

Хамилтон – Ренџерс (18:30 ч.)

Ренџерс е единствениот тим во Шкотска што и по пет одиграни кола нема примено гол. Хамилтон е екипа од долниот дел од табелата и едноставно не треба гостите да имаат проблем да стигнат до убедлив триумф. Ренџерс победил на седум од последните осум дуели, но ако се гледа резултатот од март оваа година, Хамилтон на гости се радуваше со 1:0.

Низ историјата, овие клубови знаеле да одиграат многу ефикасно, па погодоците треба да се загарантирани.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.73)

 

Хајдук – Славен Белупо (20:05 ч.)

Меч како создаден да се одигра на голови и тоа од 2 до 3 погодоци. На последните шест средби на овие два тима имало или два или три гола и секогаш имало и победник. Хајдук ја има улогата на фаворит и не треба да дозволи кикс ако сака барем на почетокот на првенството да му парира на Динамо Загреб.

„Единицата“ треба да е лесно остварлива, но и да има барем два гола во Сплит.

Предлог тип: 1&1+I&1+II (1.98)

 

Спартак Москва – Арсенал Тула (17 ч.)

Спартак е само еден од двата тима кои во Русија уште немаат пораз. Кога игра на свој терен, Спартак е офанзивен, отворен и двата тима имаат шанси за погодоци. Важен е фактот дека на последните 11 меча на овие екипи, секогаш имало победник. Спартак се радувал шест пати, а Арсенал има пет победи.

Головите не треба да изостанат, а секако домаќините ја имаат улогата на фаворити.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

- Оглас -

Најнови вести