Ливерпул и Арсенал со многу голови треба да го означат стартот на новата сезона во Англија

По само 34 дена откако заврши најдолгата сезона во англиската Премиер лига, денеска се означува старт на новите возбудувања. Традиционално, новата сезона во англискиот фудбал стартува во дуелот од Комјунити шилд, односно битката за трофејот во Суперкупот.

Ливерпул кој по 30 години чекање, конечно се круниса во шампион на Англија, ќе игра против Арсенал како актуелен освојувач во ФА Купот. Двата клуба низ историјата може да се пофалат со 15 трофеи во Комјунити шилд, а единствено пред нив е Манчестер јунајтед кој има рекордни 21 трофеи во Суперкупот на Англија.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се жали дека малку се само две недели подготовка за старт на новата сезона, но тоа е период за сите клубови.

„Дали би сакал да играм ваков значаен меч по само две недели подготовка? Секако дека не. Сепак, ова нека да биде пријателска средба против Арсенал, туку битка за трофеј. Ние, а сигурно и Арсенал се подготвувавме за цела сезона, а не само за овој дуел. Секако дека ќе се обидеме да победиме. Среќни сме што воопшто може и да играме“, рече Клоп.

Ливерпул е клубот кој во последниве две сезони блеска и е доминантен. Пред две сезони заврши со 97 бодови во Премиерлигата, а лани стана шампион со 99 освоени бодови, со што само се потврдува нивната константна добра игра. Колку за споредба, во неодамна завршената сезона, Арсенал имаше неверојатни 43 бода заостанување зад Ливерпул во првенството.

Сепак ова е само еден меч на кој може да реши моменталната инспирација и затоа Топчиите сигурно не се тотални аутсајдери. Арсенал победил на седум од последните девет меча во борбата за трофејот во Комјунити шилд, што покажува дека секогаш се опасен ривал.

Пред помалку од еден и пол месец, Арсенал го победи Ливерпул со 2:1 во првенството во Лондон, но тоа беше само формален меч за тимот на Јирген Клоп, затоа што се знаеше дека екипата од „Енфилд роуд“ ќе биде првак. Топчиите немаат врзано две победи против овој ривал уште од 2012 година, што е уште еден мотив повеќе за момците на Микел Артета.

Кога играат овие две екипи традицијата вели дека ќе има голови. На девет од последните 10 меѓусебни средби двата тима постигнувале барем по еден гол, а исто така девет пати биле давани барем по три погодоци. Едноставно попладнево може да очекуваме шоу од погодоци, а за тоа може да се обложите во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести