Кој ќе победи во дуелот на двете репрезентации кои две години немаат пораз?

Швајцарија – Германија (20:45 ч.)

Дербито на денот е меѓу соседите. Овие две селекции на официјално ниво не играле уште од далечната 1966 година, односно од Светското првенство во Англија, кога било 5:0 за Панцерите. По тој меч следат низа на пријателски дуели, но ниеден официјален.

Интересно е дека на 10-те меѓусебни средби кои се одиграни, секогаш имало најмалку по два погодоци, па сигурно и сега може да се очекува да има голови.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.92)

 

Шпанија – Украина (20:45 ч.)

Дуел на две селекции кои речиси две години не знаат за пораз. И Шпанија и Украина последен пат загубија во ноември 2018 година, а од тогаш наредија 12 натпревари без неуспех. Црвената фурија во овој период има девет победи и три нерешени, а Украина е осум триумфи и четири реми.

Кога се работи за меѓусебните средби, Шпанија победи на последните четири пресметки, а Украина може да се пофали само со едно реми и тоа во 2002 година кога било 2:2.

Фактот дека Шпанија игра дома и веќе е два бода зад Украина, дава задача на Црвената фурија да мора да брка победа и да ја продолжи позитивната традиција со овој ривал.

Предлог тип: 1 (1.52)

 

Србија – Турција (20:45 ч.)

Двете репрезентации не започнаа како што посакуваа и загубија на стартот во Лигата на нации. Ако за Србија беше очекуван поразот на гости кај Русија, ретко кој веруваше дека Турците ќе потклекнат дома во дуелот со Унгарија (0:1).

Филозофијата на Турција е да игра цврсто и со малку голови што покажува и фактот дека на осум од последните 10 средби на оваа селекција било од 0-2 гола. Србија не смее да си дозволи луксуз да загуби и дома, па домаќините ќе ја имаат улогата на фаворити.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.70)

 

Словенија – Молдавија (18 ч.)

Како што се очекуваше Словенија пред неколку дена одигра тврд меч без голови против Грција, а сега имаат шанса да ги покажат своите напаѓачки квалитети. Молдавија има осум порази и едно реми во последните девет средби, па тоа е добар знак дека Словенија може да очекува меч на кој ќе се радува.

За да нема драма, домаќините треба уште во првото полувреме да се стекнат со предноста, а потоа рутински да ги освојат трите бода против селекцијата која реално е аутсајдер.

 Предлог тип: 1-1 (2.03)

 

Косово – Грција (20:45 ч.)

Да не се прими гол е главната филозофија и на едната и на другата селекција. Ова ќе биде нивни прв меч, а Грција ќе ја има улогата на фаворит. Косово е незгоден посебно дома, но овојпат се игра пред празни трибини, па теренот не би требало да биде голема предност.

Грција пред неколку дена одигра без голови против Словенија и нема причина нешто да се менува во играта на нашиот јужен сосед во вториот меч што ќе го игра за само неколку дена.

Предлог тип: 0-2 (1.65)

 

- Оглас -

Најнови вести