33.8 C
Skopje
недела, 10 август 2025

Деветнаесетти мај може да биде најважниот ден за Барселона во последните две децении

Сагата околу враќањето на Лионел Меси во Барселона може да доживее кулминација в петок, тврди новинарката на телевизијата Фокс Аргентина, Вероника Брунати.

Брунати, која е долгогодишна пријателка со Меси, откри дека на 19 мај Ла Лига може и официјално да ѝ даде зелено светло на Барселона да го регистрира Аргентинецот.

Таа на својот профил на „Твитер“ опиша како стојат работите околу враќањето на Меси во Барселона.

Барселона прави се за да го врати и сака да тоа да го направи идниот месец.
Меси сака да се врати во Барселона.

Двете страни одамна се договорија. Платата на Меси ќе биде многу помала од таа што ја има во ПСЖ, а неговото враќање не е од финансиски причини, туку Барселона е неговиот дом.

Лапорта ги поправи односите со Лионел Меси и неговиот татко Хорхе.

Ла Лига на 19 мај ќе даде зелено светло за реализација на трансферот.

Барселона веќе побара пишани гаранции од Ла Лига дека договорот на Меси ќе биде регистриран со цел да не се повтори ситуацијата од пред две години, кога Ла Лига ги промени правилата и го поништи договорот.

- Оглас -

Најнови вести