Црвена ѕвезда и Динамо го знаат рецептот за успех против старите муштерии

Омонија – Црвена ѕвезда (Квалификации, Лига на шампиони, 17 часот)

Црвена ѕвезда во два досегашни двомечи во европските купови двапати ја елиминира Омонија, но ова е сосема поинаков меч. Се игра еден дуел, без присуство на публика, па и за двете екипи ќе биде тешко.

Оваа фаза е критична бидејќи победникот сигурно ќе си обезбеди еврпопски престој, најмалку во фазата по групи во Лигата на Европа, а ќе има шанса да игра и двомеч во последната квалификациска фаза за место во Лигата на шампионите.

Омонија има солиден тим со неколку квалитетни странци, но Цврена ѕвезда е и поискусна во вакви мечеви, а има и многу поголем рејтинг и поквалитетен тим.

Предлог тип: Х2&0-2 (1.93)

 

Ференцварош – Динамо Загреб (Квалификации, Лига на шампиони, 19 часот)

Двете екипи повторно ќе играат меѓу себе по една година, а во ланските квалификации Динамо беше убедлив и со вкупен резултат од 5:1 го елиминира најтрофејниот унгарски клуб во истата фаза, во полуфиналето од квалификациите за настап во Лигата на шампионите.

Тогаш Ференцварош имаше одлични 1:1 по првиот меч во Загреб, но во реваншот Аријан Адеми со гол на почетокот најави кој ќе оди понатаму, а Динамо го декласираше популарниот Фради со 4:0 на „Групама арената“ во Будимпешта пред 20-тина илјади домашни навивачи.

Сега ќе нема публика, Ференцварош напредуваше доста и го елиминира Селтик во претходната фаза, но Динамо, според нас, е поквалитетен и ќе игра финален двомеч за нов настап во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Предлог тип: Х2&2>1 (3.10)

 

Митјиланд – Јанг бојс (Квалификации, Лига на шампиони, 20.30 часот)

Чуден двомеч одиграа двете екипи во финалето од квалификациите за настап во Лигата на Европа пред 8 години, а швајцарскиот тим едвај мина понатаму, иако на првиот дуел на гостински терен победи со 3:0.

Митјиланд беше на прагот на подвиг и го доби реваншот во Берн со 2:0, но им фалаше еден гол за голем подвиг и продолженија.

Сега влогот е многу поголем, се игра за финале во квалификациите за Лигата на шампионите, а во услови на пандемија со ковид-19 се игра само еден меч.

Данците се домаќини и имаат предност, но Јанг бојс во последно време е редовен учесник во фазата по групи во европските купови и има поискусен тим.

Предност имаат гостите, а очекуваме и голови, најмалку три на дуелот во Хернинг.

Предлог тип: Х2&3+ (3.10)

 

Лидс – Хал (ЕФЛ куп, Англија, 20.45 часот)

На последните шест меѓусебни дуели, едната од двете екипи не постигнуваше гол, па време е серијата да биде прекината.

Лидс ги воодушеви љубителите на фудбалот со премиерниот настап по камбекот во Премиер лигата и одигра одлично против шампионот Ливерпул, па денеска е голем фаворит за победа против Хал.

Двете екипи добро се познаваат, играа во Чемпионшип, но денеска ќе ги одмерат силите во малку поинаков меч, елиминациски во Лига купот на Англија.

Езџан Алиоски не играше против Ливерпул, па се очекува денеска Марсело Бјелса да му даде шанса да настапи против Хал.

Домаќинот има подобра екипа и е во предност, а типуваме дека ќе биде прекината серијата без гол на една од двете екипи на последните меѓусебни дуели.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.12)

 

Пари Сен Жермен – Мец (Лига 1, Франција 21 часот)

Светците од Париз тргнаа многу лошо во новата сезона во Лига 1 и имаат два порази без постигнат гол што е чудно за екипата што доминира во Франција.

Проблемите со корона-вирусот се при крај во таборот на ПСЖ, а во карантин е уште само Килијан Мбапе и тој нема да игра против Мец. Затоа Тухел има друга мака по инцидентите на дербито со Марсеј, што ПСЖ го загуби со 0:1.

Исклучени беа Нејмар, Курзава и Паредес, па тие нема да играат против Мец, екипа која исто така тргна со два порази и со идентична гол-разлика како ПСЖ, 0:2.

И со скрпен состав, домаќините се апсолутни фаворити, имаат серија од 9 победи по ред против Мец и типуваме дека повторно ќе слават, и тоа убедливо.

Предлог тип: 1&3+ (1.67)

 

Во стандардната понуда на Sport Life Квоти на Денот се:

Омонија – Црвена Ѕвезда Х2&2-4 (2.25)

Сент Мирен – Селтик 2&2+п.п (2.50)

ПСЖ – Мец 1-1&3+ (2.50)

- Оглас -

Најнови вести