32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Ќе слави Славија, Манчестер јунајтед ќе го посети легендарниот „Кенилворт роуд“ по 28 години

Вест хем – Хал (Лига куп, Англија, 19 часот)

На последните две гостувања кај Вест хем, играчите на Хал не успеваа да ја затресат мрежата на домаќините, па денеска ќе се обидат со трета среќа да постигнат гол во Лондон, што би ги доближил до изненадување.

Вест хем ја почна новата сезона во Премиер лигата со два порази, а во меѓувреме го победи Чарлтон со 3:0 во ЕФЛ-купот.

Домаќините се фаворити, за нив победа против Хал на некој начин ќе биде рехабилитација за лошиот старт во Премиер лигата.

Веројатно Дејвид Мојс ќе се одлучи за комбиниран тим, но и со неколку резерви популарните Чекани се фаворити. Типуваме на триумф на домаќините во ефикасен меч.

Предлог тип: 1&ГГ (3.00)

 

Краснодар – ПАОК (Квалификации ЛШ, 21 часот)

Краснодар и ПАОК играа меѓу себе пред пет години во фазата по групи во Лигата на Европа и рускиот тим освои четири бода во двомечот со Грците.

Во тој циклус на натпревари, Краснодар го освои првото место во Групата Ц, пред Борусија Дортмунд, и мина понатаму, а ПАОК, кој беше трет, беше елиминиран.

И двете екипи имаат одлично искуство со вакви натпревари во квалификациите во европските натпревари, а за првпат во овој циклус квалификации ќе се играат два меча.

Финалето е клучната фаза што одлучува за настап во фазата по групи во Лигата на шампионите, се работи и за спортски успех, но и за одлична финансиска инјекција со настапот во луксузната лига на Стариот Континент, па ќе се игра малку попретпазливо.

Краснодар со ефектна победа од 7:2 против Химки во руското првенство најави дека е во топ-форма и ќе типуваме дека нема да загуби на „Краснодар арената“.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.63)

 

Макаби Т.Авив – Салцбург (Квалификации ЛШ, 21 часот)

Салцбург, според коефициентите, е апсолутен фаворит за пробив во Лигата на шампионите, но и првакот на Израел си има свои сметки и планови.

Макаби лошо почна во домашното првенство, има пораз и реми по две кола, но јасно е дека сите карти се фрлени во еден правец, да се обезбеди настап во Лигата на шампионите.

Израелците имаат искусен тим со 7-8 репрезентативци, но Салцбург е хит во последните неколку години и голем фаворит за победа и на „Блумфилд“ во Тел Авив.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.25)

 

Славија Прага – Митјиланд (Квалификации ЛШ, 21 часот)

Чешкиот тим лани по вторпат во клупската историја играше во фаза по групи во Лигата на шампионите и по вторпат не ја мина фазата по групи. Беа последни во конкуренција на Барселона, Борусија Дортмунд и Интер, што не е изненадување во таканаречената група на смртта.

Сега ќе се обидат по третпат да се пробијат во фазата по групи во елитното клупско натпреварување и не се далеку од целта.

Митјиланд по третпат ќе се обиде да ги мине квалификациите и да запише клупска историја со пласман во Лигата на шампионите. Данците покажаа моќ против Јанг бојс со убедлива победа од 3:0 во претходното коло, но, сепак, Славија има и поискусна и подобра екипа и типуваме единица.

Предлог тип: 1 (1.83)

 

Лутон – Манчестер јунајтед (Лига куп, Англија, 21.15 часот)

Црвените ѓаволи доживеаја нокаут од Кристал палас во премиерниот меч за нив во Премиер лигата. За толку голем клуб, нов сензационален неуспех би бил рамен на катастрофа, па се очекува сериозен пристап против Лутон.

Оле Гунар Солскјер веројатно ќе комбинира со составот за гостувањето на „Кенилворт роуд“, но кој и да игра за Манчестер јунајтед, мора да даде максимум за да се избегне нов неуспех.

Лутон нанижа четири победи на стартот од новата сезона, што е максимален ефект, а по два триумфи има во Лига купот и во Чемпионшип лигата.

Домаќините се во топ-форма, им доаѓа Манчестер јунајтед на гости за првпат по 28 години, што е одлична најава за спектакл и штета што нема да има публика на еден од најстарите стадиони во Англија.

На „Кенилворт роуд“ се игра фудбал од 1905 година, а типуваме дека бастионот на Лутон ќе падне вечерва, пред налетите на гостите.

Предлог тип: 2-2 (2.15)

 

Квоти на денот во Sport Life се следните три натпревари:

Славија – Митјиланд 1&T1 2+ (2.50)

Макаби – Салцбург Х2&ГГ (2.35)

Лутон – Манчестер јунајтед 2-2&2-5 (2.60)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести