3001 Торино – Аталанта (Сабота, 15 часот)
Торино ќе сака реванш за поразот од 0:7 од Аталанта во ланското првенство, што е највисок на домашен терен во богатата историја на клубот.
Очекувам клубот од Бергамо повторно да игра атрактивно, напаѓачки бидејќи костурот на тимот остана, со мали промени.
Со настапите во минатата сезона ме воодушевија, а верувам дека и сите љубители на фудбалот уживаа во игрите на Аталанта.
Гостите имаат опасни напаѓачи, а и Торино е силен во офанзивата. Поради напаѓачкиот стил на игра на тимот од Бергамо, ќе има доста простор за Белоти, Заза и останатите напаѓачи на Биковите, па очекувам доста ефикасен меч со голови на двете страни.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.82)
3004 Интер – Фиорентина (Сабота, 20.45 часот)
Очекувам Интер да биде уште посилен од лани. Антонио Конте е одличен стратег, сега му е втора сезона во клубот од Милано и сигурно ќе продолжи да го сложува мозаикот со цел да се нападне Скудетото.
Интер игра офанзивно, што и не е типично за мојот поранешен клуб, екипата има екстра-квалитет и верувам дека ќе победат со најмалку два гола во мрежата на Драговски.
Фиорентина имаше одличен старт, со победа против Торино, а напад со Рибери, Киеза, Куаме…. може да биде опасен за секоја екипа во Калчото. Можат да му дадат гол на Интер, но сепак домаќинот е посилен и ќе победи.
Предлог тип: 1&2-5 гола (1.95)
3005 Специја – Сасуоло (Недела, 12.30 часот)
Играв за Специја, првата моја сезона во Италија ми беше во овој клуб и некако и е при срце, па искрено навивам да изборат опстанок во Серија А. Играчите предизвикаа огромна радост со историски пласман во најсилната лига во Италија и штета е што нема да играат пред своите гледачи, туку во Чезена.
Прв меч во Серија А, историја за клубот, сигурно ќе имаше прекрасен фудбалски амбиент, но очекувам и на „Дино Мануци“ Специја да одигра добар меч против Саусоло.
Домаќините имаат доста нови играчи, купија, или позајмија од другите клубови неколку квалитетни фудбалери и верувам дека за прв историски меч во Серија А не им треба посебна инспирација.
Саусоло и на стартот од новата сезона продолжи во ист стил, играат офанзивно, па ќе типувам дека ќе има најмалку три гола, со погодоци во двете мрежи.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.04)
3006 Наполи – Џенова (Недела, 15 часот)
Ќе има публика на „Сан Паоло“ и ќе го поздрават Пандев, што за него е голема чест и ќе претставува дополнителна мотивација да одигра добро против својот поранешен тим. Посакувам да игра од почеток и повторно да постигне гол, а би било убаво доколку и Џенаро Гатузо одлучи и Елиф Елмас да биде стартер за Наполи.
Овој меч е особено интересен за нас во Македонија, бидејќи еден против друг ќе играат легенда на нашиот фудбал, против големиот талент и иднина на македонскиот фудбал.
Наполи има поквалитетен тим и иако на последните два меча не успеа да ја победи Џенова на домашен терен очекувам да забележи триумф во третиот обид.
Предлог тип: 1&2-5 гола (1.70)
3009 Кротоне – Милан (Недела, 18 часот)
Милан е во страшна серија што трае над 20 меча, сметајќи ги и пријателските натпревари. За гигант од калибарот на 18-кратниот италијански шампион е многу важно на стартот од новото првенство да продолжи да игра во топ-форма за да остане кандидат за врвот.
Импресивно е како играат по паузата поради корона-вирусот, а сега повторно ќе мораат да одат на победа без Златан Ибрахимовиќ.
Имаа доста проблеми против Бодо Глимт во дефанзивата, но имаат и екстра-квалитет во средниот ред и во нападот и без Златан.
Ми се допаѓа како Чалханоглу командува со тимот на теренот, Милан има и добри млади играчи, а и традицијата и квалитетот против Кротоне се на страна на гостите, па очекувам долгата серија успеси да продолжи.
Предлог тип: 2 (1.63)