16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Се мачат со Ковид-19, најдобар лек се головите

2431 Универзитатеа Крајова – Поли Јаши (Лига 1, Романија, 20 часот)

Вицешампионот на Романија има многу проблеми со корона-вирусот, но игра и победува во домашното првенство. Со сите проблеми што ги имаа неодамна, успеваат да ја задржат и атмосферата и концентрацијата и со максимален учинок се на врвот на табелата по пет кола.

Денеска им доаѓа должникот Поли Јаши, екипа што ги елиминира во Купот со победа во четвртфиналето со 3:2 и ги остави без трофеј во добрата сезона за популарните Студенти од Крајова.

Поли Јаши има три победи, од кои последните две беа во мечеви со многу голови. Со 5:2 ја декласираа Стеауа, или како што сега се нарекува ФЦСБ, па орни доаѓаат во Крајова да се надигруваат со вицешампионот.

И двете екипи се во добра форма, играат ефикасно, а и нивните меѓусебни мечеви во последно време беа со многу голови, па ќе типуваме дека ќе има голеада на „Јон Облеменко“ во Крајова.

Предлог тип: 4+ (2.85)

 

1801 Унион Берлин – Мајнц (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)

Унион Берлин приреди големо изненадување со ремито на „Борусија парк“ минатиот викенд, што е голем поттик за тимот кому му предвидуваат битка за опстанок.

Сепак, и против Борусија Менхенгладбах покажаа дека се жилава екипа и дека ќе им прават многу проблеми на ривалите, особено во Кепеник на домашен терен.

Лани пред корона-кризата, стадионот „Алтен Форстереј“ беше местото што требаше да се посети. Атмосферата беше феноменална, а навивачите на Унион беа меѓу најбучните и најдобрите во Бундеслигата. Сега поради пандемијата има ограничен број гледачи, но страста и љубовта кон клубот на симпатизерите на Унион Берлин не стивнува.

Со нивна помош, домаќините можат да стигнат до првата победа во новата сезона во Бундеслигата, за нив втора во клупската историја.

Мајнц тргна со два порази, па го смени тренерот Бајерлорцер и ќе им треба време за да се вратат во нормален колосек. Лани Унион Берлин забележа победа и реми против Мајнц, па типуваме дека и денеска ќе ги освои бодовите.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

1655 Антверпен – Мехелен (Жупилер лига, Белгија, 20.45 часот)

Антверпен игра солидно на стартот од новото издание на Жупилер лигата и е во најдобрата шесторка во белгискиот фудбал.

Ветераните Мбокани и Рефаелов сè уште се топ-марки за фудбал и успеваат да го предводат тимот кон горниот дел на табелата.

И Мехелен има многу солиден напад што го предводи 37-годишниот белгиски ас, Игор де Камарго, роден Бразилец што има 9 настапи за белгиската репрезентација.

Во минатото коло со победа од 2:0 против Сен Труден ја прекинаа серијата од четири порази и ќе се обидат да го изненадат фаворитот.

Последните шест меѓусебни дуели на кои Антверпен беше домаќин завршуваа со малку голови или сите шест беа од 0-2 гола.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.82)

 

1701 Пари Сен Жермен – Анже (Лига 1, Франција, 21 часот)

Францускиот првак никако не успева да се комплетира по поразот во финалето во ЛШ од Баерн, па во Лига 1 неочекувано почна со два порази.

Светците со сите маки што ги имаа со ковид-19 и со суспензии, сепак нанижаа три победи по ред и фатија ритам.

Вечерва повторно ќе играат ослабени без суспендираните Ди Марија и Курзава и повредените Керер и Бернат. Неизвесен е и настапот на Нејмар поради повреда.

Најважно за францускиот шампион е што се врати Килијан Мбапе и игра одлично. Анже има ист учинок како ПСЖ, забележа три победи и има два порази и е интересна екипа, што ќе биде многу незгодна за ривалите.

Сепак, тоа не важи за ПСЖ, екипа што има девет победи по ред против денешниот ривал. Фаворитот се знае, а очекуваме голеада во Париз, со помош и со некој гол и од играчите на Анже.

Предлог тип: ГГ&4+ (2.70)

 

1537 Гимараиш – П. Фереира (Примеира, Португалија, 22.15 часот)

Гимараиш лани за првпат играше во фаза по групи во Лигата на Европа и ќе стори сè за да го повтори успехот. Имаа солидни настапи во една од најтешките групи во конкуренција со Арсенал, Ајнтрахт и Стандард, но сепак беа последни во групата.

Летово ги засили португалската легенда Рикардо Кварежма и речиси успеаја да го задржат костурот на тимот што имаше одлични резултати. Почнаа лошо, со пораз и реми, па ја очекуваат првата победа.

Пашош Ферерира има идентичен ефект по две кола, но и многу поскромни амбиции од Гимараиш. Лани се спасуваа во финишот од првенството, па целта е и оваа сезона што побрзо да ги прегрмат грижите околу опстанокот.

Гимараиш не е поразен од денешниот ривал на четири меча по ред, има подобар тим и ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

Квоти на денот на Sport Life се:

Унион Берлин – Мајнц 1Х&1-3 (2.35)

Фиорентина – Сампдорија 1+I&2+II (2.90)

ПСЖ – Анже Т12+&ГГ (2.40)

 

- Оглас -

Најнови вести