Сасуоло – Кротоне (Сабота, 15 часот)
Сасуоло повторно како и ланската сезона игра допадлив фудбал, а тимот е одлично воигран што им носи добри резултати.
На домашен терен се исклучително агресивни, постојано во офанзива и иако во првото коло не го победија Калјари, беа многу подобар ривал.
Особено ми се допаѓа нападот на Сасуоло, со Капуто, Берарди, Ѓуричиќ… играчи што им задаваа многу проблеми и на посилни екипи од Кротоне.
Гостите ќе се обидат да изненадат со позатворена варијанта, но стартот во Серија А не ветува ништи добро за нив. Ми се чини дека не се на нивото за настап во најсилната италијанска лига и типувам дека ќе претрпат нов пораз против одличниот тим на Сасуоло.
Предлог тип: 1&3+ (1.98)
Удинезе – Рома (Сабота, 20.45 часот)
Двете екипи имаат интересна низа од 14 меѓусебни дуели без реми и верувам дека и сега нема да биде нерешено.
Удинезе лошо ја почна сезоната, а поразот од Специја е особено болен за нив. Некако постојано се во недоумица со продажба на главните играчи Родриго Де Пол и капитенот Кевин Лазања, кои сепак останаа во Удине, иако беа на прагот на трансфер. Можно е и таквата статус-кво ситуација да влијае на скромните изданија на Удинезе на стартот од новата сезона.
Ќе се обидат да се извадат за двата порази во првите две кола, но Рома има посилен тим и е фаворит. Би сакал Илија Несторовски повеќе да игра, да има и поголема минутажа.
Рома остана без Николо Заниоло што е хендикеп за тимот од Рим, но очекувам и без него да се борат за првите 5-6 позиции во Калчото. Фаворити се против Удинезе, кој е во слаба форма и очекувам победа во ефикасен меч
Предлог тип: 2&2-5 (2.22)
Аталанта – Калјари (Недела, 12.30 часот)
Чудесниот тим од Бергамо продолжува со импресивните игри. Апсолутно го надиграа и надтрчаа Лацио во минатото коло и пак беа доминантни во сите сегменти на фудбалската игра.
Веднаш се гледа по само две кола дека се меѓу најподготвените екипи во Европа, не само во Италија, а играат и ефектен и убав фудбал за око.
Калјари ќе добие многу со ангажманот на Диего Годин, кој е искусен дефанзивец и голем борец, па ќе биде добредојден во тимот од Сардинија.
Очекував повеќе од офанзивниот дел на Калјари, бидејќи од екипа што ги има Жоао Педро, Симеоне, Нандес… се очекуваат повеќе голови. Но, добро сепак е само почеток на сезоната и има време за подобри партии на напаѓачите на Калјари, па зошто да не и гол(ови) и против Аталанта.
Екипата од Бергамо негува напаѓачки фудбал, ќе има доста простор и за гостите, па очекувам бодовите да ги освојат домаќините, во меч со три, или повеќе голови.
Предлог тип: 1&3+ (1.54)
Лацио – Интер (Недела, 15 часот)
Очекував во втората сезона на Антонио Конте, Интер да игра уште подобро, но мојот поранешен клуб ме изненади со напредокот и со одличните настапи.
Интер игра зрело, напаѓачки, има добар фонд на играчи и ќе биде опасен конкурент за титулата. Можеби примија премногу голови во првите две кола, што секако не е по вкус на Конте, кој сака цврста дефанзива, но и тоа ќе се подобри во текот на сезоната, бидејќи Интер има квалитет и во одбранбениот дел.
Лацио на домашен терен игра против сите екипи на победа, иако и буквално настрада на дуелот со Аталанта, па очекувам да одиграат многу подобро и да му бидат сериозен противник на разиграниот Интер. Ми се чини дека најдобра опција е да се типува на голови на „Олимпико“ во Рим.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.73)
Милан – Специја (Недела, 18 часот)
По исцрпувачкиот меч и пенал-драмата во Португалија што заврши среќно за Милан, можеби и нема подобар противник од Специја за Росонерите во така кус период.
Начинот на кој се изборија за настап во Европа Лигата ќе биде голем потстрек за Милан, екипа што игра одлично во континуитет и очекувам да ја продолжи серијата успеси и против тимот за кој играв во Италија.
Специја приреди сензација со победа против Удинезе и тоа со играч помалку на теренот, но сепак нема сила и квалитет за нов подвиг против екипа од калибарот на Милан.
Иако домаќините ќе бидат уморни од патот во Португалија и ќе играат без Ребиќ, Ибрахимовиќ, Леао… сепак се поквалитетни и типувам на нивна нова победа, комбинирана со 2-5 гола.
Предлог тип: 1&2-5 (1.63)