1802 Борусија Дортмунд – Фрајбург (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)
Милионерите несреќно беа поразени од Баерн во Суперкупот на Германија, па ќе се обидат со триумф против Фрајбург да го заборават мечот во кој лесно можеше да се случи и тие да го освојат пехарот.
Фрајбург нема постигнато гол на последните две гостувања на Вестфален, или „Сигнал Идуна парк“, но има седум меча во серија на кои ја тресеа противничката мрежа.
Петерсон и Грифо одлично командуваат со нападот на Фрајбург, екипа која изненади со модерната игра против Штутгарт и Волфсбург.
Денешниот испит за избраниците на Кристијан Штрајх ќе биде многу потежок од почетните два, а добра опција за типување според нас е играта на голови и тоа комбинирано во првото полувреме со 2-3 гола и 4, или повеќе на крајот од мечот.
Предлог тип: 2-3I&4+ (3.60)
1003 Евертон – Брајтон (Премиерлига, Англија, 16 часот)
Карло Анчелоти набрзина создаде тим што има квалитет и за највисоки дострели, а популарните Карамели најавуваат дека и дополнително ќе се засилат.
Конечно на „Гудисон парк“, иако нема навивачи се врати убавата атмосфера, а Евертон предводен од Калверт Луин, Ришарлисон, Кин, Дињ… и засилувањата Родригес, Алан и Дукуре ќе биде опасен ривал за сите екипи во Премиерлигата. Стартот им е брилијантен со по три победи во првенството и исто толку во Лига купот на Англија.
Брајтон имаше тежок распоред на стартот од новата сезона и очекувано загуби од Манчестер јунајтед и од Челзи, иако одигра одлично против двата фаворити, а го победи Њукасл на гостински терен. Сега ги чека ново големо искушение, што според нас нема да го прегрмат успешно.
Популарните Галеби имаат три порази по ред на гостувањата на „Гудисон парк“ и ги чека и четвртиот неуспех во низа против силниот Евертон.
Предлог тип: 1 (1.78)
1004 Лидс – Манчестер сити (Премиерлига, Англија, 18.30 часот)
Пеп Гвардиола подолг период има проблеми со дефанзивниот дел, па принудно на позицијата стопер игра Фернандињо. Згора на тоа, повреден беше Ејмерик Лапорт, сега треба да се вклопат Аке и Гарсија, па иако изборот е поголем од лани, сепак воиграноста е проблем за одбраната на Манчестер сити.
Тоа успеа да го казни Лестер и тоа на брутален начин со пет гола во мрежата на Едерсон. Денеска Сити му гостува на уште еден тим што сака да се надигрува, игра офанзивно и без респект кон ривалите и тоа може да донесе нови маки за еден од фаворитите за титулата во Англија.
Дополнителни маки на Гвардиола му создаваат и повредите на двајцата напаѓачи Агуеро и Жезус, па Стерлинг би требало да ја превземе улогата на „лажна“ деветка кај гостите.
Лидс воодушеви со одличните настапи во првата сезона во Премиерлигата по 16 години пауза. Марсело Бјелса не калкулира ниту против гигантите, па тимот од Јоркшир го намачи и шампионот Ливерпул, а ги победи Фулам и Шефилд јунајтед. За жал нашиот репрезентативец Езџан Алиоски игра малку, но сезоната е долга па ќе има шанса да го потврди квалитетот.
Лидс може да му даде гол(ови) на Манчестер сити, а и гостите имаат штоф за да возвратат со погодоци на „Еланд Роуд“.
Предлог тип: 4+ (1.91)
1807 Лајпциг – Шалке 04 (Бундеслига, Германија, 18.30 часот)
Лајпциг веќе подолг период игра стандардно добро во Бундеслигата, а направи и голем исчекор со настап во полуфиналето во Лигата на шампионите.
Биковите го продадоа најдобриот стрелец Тимо Вернер, но тоа не се почуствува во нивната игра. Денеска се големи фаворити против тимот што е во опасна криза во која „настрада“ тренерот Вагнер.
По два порази со вкупна гол-разлика од 1:11 Вагнер доби отказ, па Мануел Баум кој го замени ќе се обиде експресно да смени нешто во играта на очајниот Шалке 04.
Баум има искуство во Бундеслигата, беше тренер на Аугсбург, но немаше доволно време да се запознае одблизу со ситуацијата во клубот од Гелзенкирхен.
За Шалке 04 голем проблем се повредата на Сердар, кој не игра од почетокот на новата сезона и суспензијата на Кабак. Нема да игра и Харит, кој е многу значаен за тимот, поради позитивен тест на Ковид-19, па минимални се шансите на гостите за изненадување.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.22)
1305 Валенсија – Бетис (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Валенсија игра непредвидливо и по слабиот настап против Уеска кога беше надиграна, само три дена подоцна го победи Реал Сосиедад на гостински терен и се смести во квартетот водечки екипи во Ла Лига.
Лилјаците во последно време постојано се во некаква финансиска криза, но и расадник на таленти, што е вообичаено за нив. Ги продадоа Парехо, Родриго, Торес и Коклан, но и без нив освојуваат бодови од стартот на сезоната.
Бетис во моментов има поквалитетен тим од Валенсија, но и со сите проблеми и без присуство на публика Лилјаците се многу опасни на култната „Месталја“.
На свој терен немаат пораз од Андалузијците на последните четири меча и ќе се обидат и вечерва да забележат добар резултат.
Бетис има два порази по ред од мадридските екипи, Хетафе и Реал, па не смее да си дозволи нов неуспех. Можеби е најреално да биде нерешено, но ние ќе типуваме дека исходот на мечот ќе се реши со повеќе голови во второто полувреме.
Предлог тип: 2>1 (2.00)