6051 Грузија – Белорусија (Плејоф, Лига на нации, 18 часот)
Македонија ќе го знае противникот за евентуалното финале во Сегментот Д од Лигата на нациите пред да почне нашиот меч во Скопје бидејќи во Тбилиси ќе се игра од 18 часот.
И двете селекции играат за историја и за можност да настапат на Европско првенство, па ваквите нокаут-мечеви честопати се тврди, максимално неизвесни, бидејќи влогот е огромен.
Досега играа меѓу себе во квалификациите за настап на Мундијалот во 2014 година и тогаш секој си победи на свој терен, а и двата меча беа од 0-2 гола.
Ова е сепак многу поинаков меч, во услови на пандемија се игра без публика и предноста да се игра на домашен терен малку значи.
Очекуваме и Грузија и Белорусија да одиграат цврсто, а типуваме дека по регуларниот дел ќе биде нерешено.
Предлог тип: Х (2.95)
1606 Македонија – Косово (Плејоф, Лига на нации, 20.45 часот)
Како што велат сите наши репрезентативци и селекторот Игор Ангеловски, ваков меч и шанса да се игра на Европско првенство чекаме 30 години и ни требаат само уште две победи за историски успех.
Отсуството на Елиф Елмас ќе биде хендикеп за нас и Горан Пандев не е максимално фит по веќе познатата ситуација со корона-вирусот во неговиот тим Џенова, но сепак допатува во Скопје и ќе даде сè од себе да ја круниса извонредната кариера за настап на ЕП.
Косово има уште поголеми проблеми и за нив се чини дека ненадоместливи се отсуствата на Муриќи, Рашица и, пред сè, на Рахмани .
Тоа се трите столба во репрезентацијата и без нив Косово е многу послаба селекција. Шаланде е одличен стратег, но реално нема решенија како да ги покрие трите хендикепи и вечерва ќе мора да му честита на ривалот на победата.
Предлог тип: 1 (2.60) Супер тип на Sport Life
6730 Норвешка – Србија (Плејоф, Лига на нации, 20.45 часот)
Двете репрезентации имаат одлични офанзивци и на „Улевал“ во Осло веројатно ќе одлучува кој ќе одигра подобро во дефанзивата.
Халанд, Сорлот, Одегард… и останатите норвешки интернационалци најавуваат многу подобри резултати за репрезентацијата во следните десетина години бидејќи се млади, а веќе се ѕвезди во европскиот фудбал.
Во септември им ја наполнија мрежата на Северните Ирци и победија со 5:1, па Србија ќе мора да внимава и да ја сопре брзата транзиција на Норвежаните.
Гостите се посикусна селекција, а имињата на Тадиќ, Митровиќ, Милинковиќ-Савиќ… јасно покажуваат дека и Орлите имаат крилја за лет до ЕП следната година.
Иако е бараж-полуфинале и мечот одлучува за настап во финалето на бараж-дуелите за ЕП, сепак, има премногу квалитетни офанзивци во двата состави и очекуваме голови на двете страни.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.55)
6731 Шкотска – Израел (Плејоф, Лига на нации, 20.45 часот)
Шкотска и Израел играа меѓу себе на почетокот на минатиот месец, и тоа меч од новиот циклус од Лигата на нациите. За една од двете селекции вечерва на „Хемпден парк“ конечно ќе заврши првиот циклус, премиерен од ова натпреварување што заглави поради корона-вирусот.
Секако дека овој меч е многу позачаен од тој пред еден месец и одлучува дали Шкотска или Израел ќе останат во игра за настап на ЕП следната година.
За домаќините голем хендикеп е што на „Хемпден парк“ ќе ја нема препознатливата островска атмосфера бидејќи ќе се игра без навивачи.
Шкотите, како и секогаш, ќе се потпрат на физичката сила, на многу трчање и дуел игра, а Израел има технички подобро потковани фудбалери, па очекуваме да има барем по еден гол во мрежите на двете селекции со соема различен стил на игра.
Предлог тип: ГГ (2.00)
6726 Босна и Херцеговина – Северна Ирска (Плејоф, Лига на нации, 20.45 часот)
Селекторот на БиХ, Душан Бајевиќ, имаше одредени проблеми со отсутни играчи поради пандемијата со ковид-19, но домаќините имаат одлична репрезентација и повторно ќе ги предводи дуото Пјаниќ-Џеко, што е добра гаранација за успех.
Штета за БиХ што легендарниот стадион на Железничар, „Грбавица“, ќе биде празен и без публика, но секако домаќините се фаворити.
Северна Ирска игра исклучително цврсто, островски и, пред сè, ќе внимава на својот гол. Во увертирата за овој меч минаа неславно и Норвешка ги прегази со 5:1, па се чини дека се аутсајдери против БиХ.
Двете репрезентации играа во иста група во Сегментот Б во Лигата на нациите и Босанците лесно славеа со 2:0, па можно е да има реприза и вечерва на истиот стадион.
Предлог тип: 1 (1.90)
Квоти на денот во Sport Life>
БиХ – Северна Ирска Т1 1+& T1 2+ (2.95)
Македонија – Косово 1Х&2+ (2.05)
Норвешка – Србија Т2 1+ п.п. (2.45)