6704 Гана – Катар (Пријателски меч, 17.30 часот)
Гана ќе се обиде да се рехабилитира за поразот од Мали со 0:3 во меч игран пред три дена, а Катарците ќе играат за првпат во 2020 година.
Последниот меч им беше во декември лани со Саудиска Арабија во азиската Лига на Нации и загубија во полуфиналето со 0:1.
Тоа значи дека и двете селекции ќе бидат на поправен испит, денеска од 17.30 на пријателскиот дуел што ќе се игра во Турција.
Двете репрезентации досега имаат само еден меѓусебен дуел, што го доби Катар со 3:0 пред 13 години. Овојпат Гана е фаворит и ќе типуваме дека нема да претрпи и втор пораз од Катарците.
Предлог тип: 1Х&2-5 (1.80)
7160 Хуберт Хуркач – Марк Пулманс (Тенис, АТП Келн, 17.30 часот)
Полјаците очекуваа многу подобар настап на Ролан Гарос од Хуркач, кој е е ден од нивните адути за иднина. Хуберт има 23 години и одличен напредок во кариерата.
Стаса до 31. позиција на АТП листата, а има вредни победи во 2020 година против реномирани противници како Тим, Рублев, Чориќ…
Пулманс имаше многу солиден настап на Ролан Гарос, а иако беше поразен во финалето на квалификациите, како лаки лузер се пласираше на главниот турнир и одигра два меча пред да биде елиминиран.
Австралиецот е подобар дубл-играч, но напредува и во сингл во последно време. Игра најдобро на тврда подлога, но сепак Хуркач е поквалитетен и ќе победи во првиот меѓусебен меч на двајцата 23-годишни врсници.
Предлог тип: 1 (1.40)
7159 Џордан Томпсон – Денис Новак (Тенис, АТП Келн, 18.30 часот)
Дуелот меѓу Австралиецот Томпсон и Австриецот Новак е поставен како последен меч денеска во Келн во рамките на 1/16-финалето на турнирот. Би требало да биде интересно, бидејќи и на двајцата тенисери им оди солидно на тврда подлога.
Во Келн се игра во сала, што му дава предност на Томпсон, кој според резултатите во последно време е во подобра форма од Новак.
На САД опен на почетокот на минатиот месец го постигна најголемиот успех во кариерата со пробив во четвртото коло, каде загуби од Чориќ.
Томпсон има една АТП титула, Новак ниту една, Австралиецот е и подоброрангиран и во подобра форма, па ќе типуваме дека ќе победи.
Предлог тип: 1 (1.77)
1646 Ден Бош – Хелмонд (Втора лига Холандија, 20 часот)
Двете екипи ќе се обидат со триумф да ги заборават катастрофите што ги претрпеа во минатото коло во популарната Ерстедивизија.
Ден Бош си продолжи по принципот победа, па пораз, а Телстар ги декласира со 6:1 и ги врати во долниот дел од табелата.
Хелмонд го дели последното место со Дордрехт и имаат само една победа во шест кола и тоа во премиерната рунда. Се потоа се само порази и едно реми.
Последниот неуспех беше многу болен за нив со пет гола во мрежата што им ги сместија играчите на Камбур и тоа на стадионот на Хелмонд.
Вечерва од 20 часот во Хертогенбош нема место за калкулации и само победа е опција за Ден Бош и за Хелмонд.
Предлог тип: 2-3I&4+ (3.60)
6203 Франција У21 – Словачка У21 (Квалификации за ЕП, 21 часот)
Франција има одлична млада селекција со веќе познати асови што вредат многу и на трансфер пазарот. Квалитетите на Амине Гури, Одсон Едуард, Џонатан Иконе… веќе им се познати на голем дел од европските гиганти, кои сакаат да ангажираат поголем дел од француските таленти.
Вечерва во Стразбур младите „триколори“ треба да го покажат уште еднаш на дело и индивидуалниот квалитет, но и дека можат да бидат моќна екипа со голем тимски дух.
Франција е апсолутен фаворит против врсниците од Словачка, кои веќе немаат шанси за пласман на ЕП. Домаќините мора да победат за да останат во трка со Швајцарија за првата позиција.
Бодовите можат да им значат многу дури и да бидат втори, бидејќи пет од второпласираните селекции од вкупно 9 квалификациски групи ќе играат на ЕП следната година.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.83)
Квоти на денот во Sport Life:
Ден Бош – Хелмонд 1Х&3-5 (2.50)
Брадфорд – Херогејт таун 1+I&3+ (2.30)
Франција У21- Словачка У21 Т12+ п.п.