2701 РоПС – Лахти (Финска, 17 часот)
Рованиеми, или како што клубот е познат како РоПС, минува низ тежок период и има само 5 бода по 18 кола во најсилната финска фудбалска лига.
Проблемите се големи, а по сè изгледа клубот формиран во 1950 година нема да ја дочека 33-тата сезона како прволигаш и не е прв кандидат за испаѓање.
Лахти бие битка за пробив меѓу шесте најдобри екипи кои ќе играат плејоф за титулата, а моментно е на седмото место со 25 бода, колку што има ХИФК.
За домаќините нема спас, иако ќе имаат шанса за чудо со настап во плејаутот, а на Лахти му е неопходна победа за да ги продолжи надежите за учество во плејофот.
На последните три меѓусебни дуели, Лахти има три победи против РоПС, двапати со по 3:0 и еднаш со 2:1, а типуваме дека и денеска ќе слави, и тоа двојна победа.
Предлог тип: 2 двојна победа (5.40)
2704 Хонка – Мариехамн (Финска, 17 часот)
Хонка игра интересно првенство дури со 10 нерешени дуели на 18 меча, што е најмногу во конкуренција на 12 прволигаши во Финска, а е тимот со убедливо најмалку примени голови, само 12.
Напаѓачите на клубот од Еспо тешко даваат голови, но затоа одбраната е цврста и засега го оддржува тимот во горниот дел на табелата, на четвртото место.
Мариехамн тргна одлично во новата сезона, но потоа стигна и серијата од три порази по ред и 7 меча без победа. Гостите се аутсајдери и типуваме дека ќе загубат, но со гол(ови) во второто полувреме.
Предлог тип: Х-1 (4.30)
1610 СЈК – ХЈК (Финска, 17 часот)
Хелсинки е убедливо најтрофејниот и најпознатиот клуб во Финска со 29 титули, што е апсолутен рекорд пред второрангираната Хака со 9 шампионски круни.
Импресивна е серијата од 14 меча без пораз на ХЈК против денешниот ривал, а Сеинајоен Јалкапалокерхо, или скратено СЈК, последен пат го победи големиот шампион во 2015 година, ако не се смета мечот во Купот една година потоа, кога аутсајдерот славеше на пенали со 7:6.
Хелсинки моментно е на второто место со 3 бода помалку од актуелниот шампион КуПС и е голем фаворит за триумф, што им е неопходен за да останат во трка за првото место по регуларниот дел од шампионатот.
Кај гостите се очекува и настап на Ферхан Хасани, македонскиот репрезентативец кој досега постигна 4 гола за ХЈК сезонава.
Предлог тип: 2 (1.72) Супер тип на Sport Life
1641 Ден Бош – Алмере (Холандија 2, 20 часот)
Ден Бош игра многу лошо во последно време, а двата порази по ред му се со гол-разлика од 2:8. За разлика од нив, Алмере нанижа пет победи по ред и има 9 меча во серија без пораз, сметајќи ги и пријателските мечеви.
Гостите се и без пораз во новото издание на Ерсте дивизиј, како што популарно ја нарекуваат втората холандска лига, и се втори со 16 бода, само зад НАЦ Бреда, која има максимални 6 победи и 18 бодови.
Алмере е со амбиции да се пласира во најсилната холандска лига, а само две екипи ќе одат директно во повисок ранг на мечеви.
Гостите се големи фаворити вечерва во Хертогенбош на меч на кој се предвидува дека ќе има многу голови.
Предлог тип: 2-3I&4+ (3.60)
1881 Дурен – Баерн Минхен (ДФБ Покал, 20.45 часот)
Последниот меч од првата рунда во Германскиот куп ќе биде меч меѓу петтолигаш и шампионот на Германија и освојувач на пехарот во популарниот ДФБ покал.
Во некои поинакви околности ова ќе беше меч на векот за играчите на Дурен и во местото во Северна Рајна Вестфалија, но кога веќе се игра без гледачи, тие ја прифатија понудата на Баерн наместо домаќини, да бидат гости.
Дурен за првпат се пласираше во кусата клупска историја во Германскиот куп откако победи на турнирот на Мителрајн фудбалската асоцијација.
Баерн ќе игра без голем дел првотимци кои играа за своите репрезентации, но и со резервен состав е пресилен за петтолигашот и убедливо ќе слави на „Алијанц арената“ во Минхен.
Предлог тип: 5 + (1.40)
Квоти на денот во Sport Life се:
Хонка – Мариехамн – Т1 2+&ГГ (2.80)
Ден Бош – Алмере 1+I&2+II (2.30)
Кретеј – Бастија Х2&1-3 (2.00)