Стојков: Навивам Пандев да му даде гол на Интер, но Џенова ќе загуби

3002 Аталанта – Сампдорија (Сабота, 15 часот)

Сампдорија изненади со две победи на тешки мечеви со Фиорентина и Лацио, но според мене нема никакви шанси во Бергамо.

Можеби предност на гостите ќе биде што се подоморни, бидејќи Аталанта играше и меч од Лигата на шампиуоните, а наскоро ги чека уште еден, но домаќините имаат многу квалитетен тим и добри замени.

Малиновски е една од најдобрите резерви во Серија А, а го купија и Миранчук, кој брзо се вклопува во тимот, што е знак дека Аталанта може успешно да игра на повеќе фронтови.

Интересно е што последните дуели на овие два тима беа поскромни со голови, но сега Аталанта е поинаква приказна и машина за голови, што ќе ја победи Сампдорија.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.50)

 

3003 Џенова – Интер (Сабота, 18 часот)

Ќе навивам Пандев да му даде гол на Интер, клуб во кој заедно ја почнавме италијанската одисеја и кој му овозможи на Горан да ја освои и европската круна.

Сепак мислам дека е реално Интер да победи, бидејќи има поквалитетен тим. Ќе сакаат да го корегираат киксот со Борусија Менхенгладбах, кога се спасуваа и од пораз.

Хендикеп за Џенова е што ќе ја нема поддршката од публиката, бидејќи „Луиџи Ферарис“ е сосема поинаква приказна со навивачи на трибините и без нив. Знаат да направат одличен амбиент, па на гостите им е тешко да играат против Џенова, но овојпат ќе се игра пред празни трибини што со квалитетот е дополнителна предност за Интер.

Предлог тип: 2&2-5 (1.76)

 

3004 Лацио – Болоња (Сабота, 20.45 часот)

Со убедливата победа против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите Лацио најави подобро продолжение на сезоната. До тој меч играа премногу променливо и непредвидливо, па и тешко е да се типуваат мечевите на кои настапува клубот од Рим.

Квалитетот не е спорен, Лацио е подобра екипа од Болоња, но за посигурно ќе типувам на голови. Очекувам и Синиша Михајловиќ да има посебни мотиви против својот поранешен клуб, а тој е одличен тренер што може да подготви добра тактика.

Лацио има извонредна серија од 14 меча без пораз на дуелите со Болоња, блиску е и до 15-та, но очекувам и да прими некој гол во ефикасен меч со погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.77)

 

3006 Беневенто – Наполи (Недела, 15 часот)

Беневенто храбро се држи како нов калчолигаш и игра напаѓачки, без разлика дали пообедува, или губи. Прими по пет гола од Интер и од Рома, но пружи многу солиден отпор и не се повлече без битка и против големите фаворити.

Сега на ред му е и трет таков дуел, против ранетиот лав Наполи. Гостите ја декласираа Аталанта со 4:1, но потоа беа изненадени апсолутно неочекувано од АЗ Алкмар во меч од Европа Лигата.

Очекувам тој пораз да ги раздрма редовите на Наполи, Џенаро Гатузо сигурно ќе превземе мерки за да не се случи нова сензација, бидејќи Беневенто не е наивен противник, иако ќе биде аутсајдер против тим што најавува битка и за титулата во Италија.

Беневенто прими најмногу голови, 12 досега во Серија А, но и постигнува доста погодоци, па очекувам сличен меч на претходните со погодоци во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.83)

 

3009 Јувентус – Верона (Недела, 20.45 часот)

Нов тренер, нова концепција на игра и потребно време за воигрување се новите проблеми на Јувентус, кој апсолутно доминира во последната деценија во Италија.

На се се надоврзаа и проблеми со повреди, со корона-вирусот, па неиграњето на Роналдо и на незадоволниот Дибала малку го потресоа шампионот.

Сепак победата во Киев против Динамо ќе им донесе нов зрак на оптимизам на домаќините, кои повторно се топ-фаворити за Скудетото и очекувам офанзива против Верона од самиот старт на мечот.

Јувентус има тежок и набиен распоред, бидејќи за три дена треба да игра со Барселона, па ќе сака брзо да ги разреши дилемите околу победникот на дуелот со Верона.

Посебен мотив ќе им биде да се реваншираат за поразот од Верона на последниот меѓусебен дуел, па иако се без Роналдо, Кјеза, Де Лихт, Кјелини… очекувам да бидат во предност и по првото полувреме и да победат.

Предлог тип: 1-1&2-5 (2.65)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести