Стојков верува во калчолигашите од Лигата на шампионите

1609 Кротоне – Аталанта (Сабота, 15 часот)

Кротоне е аутсајдер, но против Јувентус покажа дека наме лесно да се откаже од прволигашкиот статус. Ја немаат победено Аталанта 15 години и ќе се обидат да го искористат моментот и заморот на фаворитот.

Аталанта игра во пеколен ритам и по мечот со Кротоне ги чека голем меч против Ливерпул на 3. ноември. Тоа може да влијае на играта на гостите, но ако сакаат да останат во трката за врвот мора да ја прекинат серијата од два порази по ред во Калчото.

Им се повреди и Робин Госенс, кој игра извонредно, па проблемите на тимот од Бергамо не престануваат, особено со дефанзивците. И покрај сите маки што ги има Гасперини, сепак очекувам Аталанта да го победи Кротоне во ефикасен меч.

Предлог тип: 2&3+ (1.90) Супер Тип на Sport Life

 

3002 Интер – Парма (Сабота, 18 часот)

Интер е во слична ситуација како и Аталанта, мора да победува во напорен ритам и во Серија А и да мисли на големото дерби во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Антонио Конте веројатно ќе го поштеди Ромелу Лукаку од напор да игра против Парма, па Белгиецот кој е ефикасен и одлично ја почна сезоната ќе биде сочуван за гостувањето во Мадрид на 3. ноември.

Интер има квалитетен и широк ростер и може да ја победи Парма и без најдобриот стрелец, но очекувам да прими гол од гостите.

Последните два меѓусебни дуели на овие екипи беа ефикасни, па типувам триумф на Интер со гол-гол.

Предлог тип: 1&ГГ (2.70)

 

3005 Специја – Јувентус (Недела, 15 часот)

Јувентус е голем фаворит, но не игра добро. Во овој период јасно се покажа колку е важен Кристијано Роналдо за тимот од Торино. Без него не функционира нападот, па со проблемите со многу повреди на дефанзивците Старата дама се најде во позиција да има само една победа на последните четири натпревари.

Роналдо го „прележа“ корона-вирусот, но не се знае дали ќе игра против Специја. Очекувам да добие минутажа, а Јувентус да ја победи Специја во меч на кој ќе нема повеќе од три гола.

Кај домаќините нема да игра најдобриот стрелец Галабинов, имаат уште неколку важни играчи што се повредени и ќе загубат од шампионот на Италија.

Предлог тип: 2&0-3 (2.15)

 

3008 Наполи – Сасуоло (Недела, 18 часот)

Ова е интересен дуел на две напаѓачки настроени екипи, а веривам дека нема да гледаме реприза на историскиот меч од јули годинава, кога на Сасуоло му беа поништени дури четири гола.

Досега не паметам таков меч со толку поништени погодоци на една екипа на ист меч. Наполи игра одлично против Сасуоло и е многу незгоден ривал за нив со сероја од 10 меча без пораз во меѓусебните пресметки.

На домаќините ќе им недостасува Инсиње, очекувам конечно и Елмас да има минутажа, а типувам дека ќе има доста голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ&4+ (2.20)

 

3009 Сампдорија – Џенова (Недела, 20.45 часот)

Сампдорија е во подобра форма од Џенова, нанижа три победи по ред, но во вакви мечеви не одлучува формата, туку инспирацијата и поголемата желба за победа.

Штета што големото градско дерби на Џенова ќе се игра без публика, но таква е реалноста и ми се чини дека ремито на „Луиџи Ферарис“ е најреално.

На последните три меѓусебни дуели немаше нерешен резултат, а според мене и сега шансите за победа се 50-50. Ќе типувам реми, што им одговара на двете екипи во меч на кој е важно да не се загуби.

Предлог тип: Х (3.45)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести