1609 Челзи – Рен (Лига на шампиони, 21 часот)
Челзи нема примено гол повеќе од 360 минути, или на последните четири меча, а им доаѓа Рен без двајцата најдобри офанзивци Камавинга и Нијанг.
Клубот од Лондон делува моќно, засилувањата Вернер, Чилвел, Зијех и Хаверц сè подобро се вклопуваат во тимот што со нив сега е екстра квалитетен.
Рен дебитира во Лигата на шампионите и настапот на два фронта, во француската лига и во луксузната европска лига, си го зеде данокот. Гостите имаат доста повредени играчи и тоа ќе биде хендикеп на тешкото гостување на „Стемфорд бриџ“.
Предлог тип: 1 (1.42) Супер тип на Sport Life
6011 Барселона – Динамо Киев (Лига на шампиони, 21 часот)
Барселона е во криза, но гостите се во уште полоша ситуација. Гигантот од Украина едвај скрпи екипа за да игра на „Камп ноу“. Имаат точно 13 играчи, колку што е минимумот за да се игра меч во услови на пандемија со корона-вирус.
Динамо ќе мора да искомбинира тим со дел првотимци и дел младинци, па Барселона има чист зицер за убедлива победа и за зацврстување на врвот на табелата во Г групата со максимален број бодови.
Каталонците секако ќе беа фаворити, но вака би било чудо на векот ако не го победат Динамо, кој допатува дури без 13-мина фудбалери, сите со позитивни тестови на Ковид-19.
Предлог тип: 1-1&4+ (2.20)
6014 Ференцварош – Јувентус (Лига на шампиони, 21 часот)
Роналдо се врати на терен и Јувентус живна и излезе од летаргијата. На Португалецот му требаа само 180 секунди настап против Специја да даде гол, со што уште еднаш потврди дека е еден од најподготвените атлети на светот.
Јувентус успеа со негова помош да го скрши отпорот на Специја, но играта мора да го загрижи Андреа Пирло. Јувентус има премногу квалитетни фудбалери, но не игра добро.
Премногу лесно загубија од Барселона во Торино во претходното коло во Лигата на шампионите и ако сакаат да се пласираат во следната рунда, вечерва мора да победат на „Групама арена“ во Будимпешта.
Ференцварош е симпатичен тим со неколку одлични играчи, но квалитетот, искуството, традицијата и реномето се апсолутно на страна на гостите од Италија.
Предлог тип: 2-2 (1.77)
6015 Лајпциг – Пари Сен Жермен (Лига на шампиони, 21 часот)
Лајпциг имаше лош финиш на октомври и два порази со гол-разлика од 0:6. Ги декласира Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите со петарда во мрежата на Гулаши, а потоа загубија и од Борусија Менхенгладбах во Бундеслигата.
Биковите играат и во многу сложена група во Лигата на шампионите со Манчестер јунајтед, ПСЖ и Башакшехир, па нов кикс би значел оддалечување од целта и нов настап во завршницата на ЛШ.
Двете екипи играа во полуфиналето во минатиот циклус и ПСЖ неочекувано лесно победи со 3:0 на „Луж“ во Лисабон, иако се очекуваше поголем отпор од германскиот тим, кој дотогаш беше хит во Лигата на шампионите.
За избраниците на Јулијан Нагелсман сега веројатно ќе биде полесно бидејќи за гостите нема да играат Килијан Мбапе и Нејмар, ударниот тандем на тимот.
Бодовите им се неопходни на двата состави и ќе типуваме дека домаќинот нема да загуби, а и двете екипи ќе постигнат најмалку по еден гол.
Предлог тип: 1Х&ГГ (2.12)
6016 Севилја – Краснодар (Лига на шампиони, 21 часот)
Рекордерот според бројот на трофеи во Лигата на Европа сака да направи исчекор и конечно по доминацијата во второто по квалитет европско натпреварување, да се обиде да стигне далеку и во Лигата на шампионите.
Неочекувано за Севилја, сезонава даваат малку голови и во двете кола во групата собраа 4 бода само со еден постигнат погодок.
Победа вечерва ќе ги доведе на прагот на нокаут-фазата во ЛШ, што е првата цел на одличниот состав од Андалузија.
Гостите имаат доста проблеми со повреди, нема да им играат 5-6 фудбалери и се аутсајдери против шпанскиот тим.
Севилја пред две години играше со Краснодар, во фазата по групи во Лигата на Европа, победи дома со 3:0, па можна е и реприза вечерва на „Рамон Санчес Писхуан“.
Предлог тип: 1-1 (1.78)
Квоти на денот во Sport Life се:
Басакшехир – Манчестер јунајтед Т2 2+&ГГ (2.65)
Лајпциг – ПСЖ 1Х&2-5 гола (2.05)
Бриж – Борусија Дортмунд 1+I& 2+II (2.55)