Што би рекле, ова е тикет каде што „нема што да зезне“: Рекордни 2.574 прогнозери составија тикет со коефициент 69.4

Рекорден број од 2.574 прогнозери решија да си ја испробаат среќата во јубилејното 10. коло од третата сезона. По синоќешните четири одиграни меча, тројца прогнозери имаат перфектен биланс, а голем е бројот со три погодени фикса

Денеска на програмата има дури девет репрезентативни дуели, а интересно е тоа што од сите понудени, најголема верба се дава на Македонија во дуелот против Естонија. Дури 94 отсто од прогнозерите очекуваат победа на нашата репрезентација.

Од овие девет меча, еден е одложен и нема да се игра. Норвешките власи забранија на фудбалерите да отпатуваат во Романија како дел од превентивата поради пандемијата со Коронавирусот. Тоа значи дека во пресметките на Среќна 13-ка ќе се земе предвид првиот резервен пар, а тоа е Летонија – Фарски Острови.

Ви ги презентираме кои се најголемите проценти според мислењето напрогнозерите и ви нудиме интересен тикет со девет натпревари кој ви дава вкупен коефициент од 69,4….

ТИКЕТОТ „СОСТАВЕН“ ОД 2.574 ПРОГНОЗЕРИ Е:

6123 Македонија – Естонија       1 (1.65) —94 отсто за победа на Македонија

6111 Словачка – Шкотска           1Х (1.42) —92 посто чекаат Словачка да не загуби

6113 Турција – Русија                   Х  (3.05) —53 отсто се за нерешено

6112 Бугарија – Финска              Х2 (1.25) —73 отсто не очекуваат дека Бугарија ќе победи

6126 Грузија – Ерменија               1  (2.00) —77 отсто се за „кец“

6114 Велс – Р. Ирска                    1  (2.15) —82 отсто за „сигурица“ на Велс

6106 Белгија – Англија                 1Х (1.36) —86 отсто чекаат Белгија да не загуби

6117 Унгарија – Србија                 Х2 (1.33) —81 отсто дека Србија ќе извади барем нерешено

———————————————————————-

Вкупен коефициент:   69,4

 

- Оглас -

Најнови вести