Тодоров го објави поширокиот список на репрезентативци

Согласно со определениот рок од страна на ФИБА, за доставување на поширокиот список на играчи за ноемврискиот квалификациски циклус, селекторот на нашата сениорска репрезентација, Александар Тодоров, ги објавува репрезентативните кандидати на кои ќе смета за претстојниот турнир кој од 28. до 30. ноември ќе се игра во Талин (Естонија).

„Денес го пративме поширокиот список во ФИБА. Беше исклучително тешко да се состави список, посебно што не знаеме каква ќе биде ситуацијата после задолжителните тестирања. Затоа се договоривме да одиме со што е можно повеќе имиња од домашното првенство, за да во случај на поголем број случаи, да можеме да собереме доволен број играчи за непречен тренажен процес.

На овој список ги нема оние играчи кои поради повреди ќе мораат да го прескокнат овој прозорец, како и дел од помладите играчи кои настапуваат во странство. Дел поради немање дозвола да допатуваат од своите екипи, дел заради неможноста за брза реакција (замена) во случај на позитивни случаи.

Од натурализираните странски играчи, изборот мораше да падне на Џејкоб Вајли, заради тоа што Шејн Витингтон е во Јапонија, каде има задолжителен карантин за сите кои се враќаат од Европа. Од друга страна, Аскиа Букер, заради истите причини, не можеше да ја напушти Кина да дојде до Скопје да ја заврши процедурата околу пасошот“– го појаснува својот избор селекторот.

Според планираните активности, прво на ред е задолжителното ПЦР тестирање од корона вирус, а од 20. ноември и првиот тренинг

„Утре ќе ги направиме првите тестови, а со тренинзи ќе почнеме на 20. ноември. Односно по враќање и по тестирање на играчите кои настапуваат во балонот на АБА2 лигата“– дополбнува Тодоров.

 

ПОШИРОК СПИСОК НА МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

(ЗА НОЕМВРИСКИ КВАЛИФИКАЦИСКИ ЦИКЛУС 2020 ГОДИНА)

1. Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)

2. Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)

3. Виктор Ефремовски (Работнички)

4. Стојан Ѓуроски (ХЛА Аликанте – Шпанија)

5. Ренато Димитриевски (Гостивар)

6. Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Уни Банка)

7. Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

8. Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)

9. Адем Мекиќ (МЗТ Скопје  Аеродром)

10. Никола Караколев (Еуро Никел 2005)

11. Андреј Митревски (ТФТ)

12. Љубомир Младеновски (Работнички)

13. Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

14. Кирил Николовски (Работнички)

15. Дамјан Робев (Куманово)

16. Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)

17. Марјан Младеновиќ (Работнички)

18. Марко Симоновски (Кожув)

19. Бобан Стајиќ (Пелистер)

20. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

21. Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк-Франција)

22. Бојан Трајковски (Пелистер)

23. Јетмир Зекири (Пелистер)

24. Џејкоб Вајли (Гран Канарија-Шпанија)

- Оглас -

Најнови вести