1611 Мозамбик – Камерун (Квалификации за АФН, 17 часот)
Во Мозамбик тешко ја прифатија елиминацијата од Мадагаскар во квалификациите за настап во Африканската лига на нации, па од лани во рок од една година имаа три селектори.
Португалската фудбалска легенда Абел Ксавиер беше сменет, потоа и неговиот наследник Виктор Матине доби отказ, па сега популарните Мамби ги предводи Луис Гонкалвеш, уште еден Португалец.
Задачата е сложена, Мозамбик мора да игра на Африканскиот куп на нации ако Гонкалвеш сака да го продолжи договорот.
Камерун пред четири дена го декласираше денешниот ривал на свој терен со 4:1 и е голем фаворит за нова победа.
Гостите имаат страшно добра репрезентација со Екамбу и Абубакар во нападот, Онана од Ајакс им е прв голман, а имаат уште дузина познати играчи што речиси без исклучок играат во Европа.
Предлог тип: 2 (1.95) Супер Тип на Sport Life
5727 Гамбија – Габон (Квалификации за АФН, 17 часот)
Габон има поголемо реноме во Африка, капитенот Пјер-Емерик Обамејанг засега успешно ја води својата репрезентација кон настап на Африканскиот куп на нации, па на гостите им одговара и реми за да останат први во групата.
Обамејанг го постигна вториот гол за Габон на дуелот на двете селекции пред четири дена, а фаворитот победи со 2:1.
За Гамбија деби чека Дембо Дарбо, играчот на Шкупи, а неизвесно е и сега дали ќе добие шанса за настап во многу важен меч.
Муса Бароу, напаѓачот на Болоња, ќе биде главен адут на домаќините денеска од 17 часот на Стадионот на независноста во Бакау.
Габон е фаворит, Гамбија е солидна репрезентација и игра дома, па некако ремито личи дека е најреално.
Предлог тип: Х (2.95)
1722 Бастија – Стад Бриошан (Франција, Национал, 18.45 часот)
Бастија е еден од најстарите клубови во Франција, формиран пред 115 години, но сега функционира во неизвесна ера. Пред три години фудбалскиот симбол на Корзика поради финансиски проблеми беше префрлен во најнизок ранг на натпревари, но сега е на добар пат да се пласира во Втората француска лига.
Бастија е на првото место во Националната лига со 24 бода по 12 меча и ако победи денеска против Стад Бриошан, ќе се зацврсти како лидер со најмалку шест бода пред Ред Стар.
Чудно звучи податокот дека Стад Бриошан е за една година постар клуб од Бастија, формиран е во 1905 година, но е релативно непознат бидејќи не играл никогаш погоре од Третата лига.
Бастија е поквалитетна во моментов, има многу поголемо реноме и е на добар пат да се врати таму каде што припаѓа. Клубот што ги создаде легендите Џони Реп, Роџер Мила, Клод Папи, а за него играа и Драган Џајиќ, Микаел Есиен, Себастијан Скилачи, Флоријан Тован…, планира да се врати во Лига 1.
На патот на планираниот успех Бастија мора да победува, па ќе типуваме единица.
Предлог тип: 1 (1.65)
6702 САД – Панама (Пријателски меч, 20.45 часот)
Америка и Панама имаат долга традиција на меѓусебни мечеви и досега одиграа 22, а САД се поуспешни и што е најинтересно, имаат серија од 14 меча без пораз во регуларен дел.
И сега се фаворити, но на пријателските натпревари, кои се малку поинакви од официјалните никогаш не се знае. Натпреварот ќе се игра во Австрија, во Винер Нојштад.
САД се фаворити, имаа подобра репрезентација што има и четири победи по ред на последните натпревари, а и Панама е во добра форма само со еден пораз на последните пет дуели.
Предлог тип: ГГ (2.00)
6705 Франција – Швајцарија (Квалификации за ЕП У-21, 21 часот)
И двете репрезентации се пласираа на Европското првенство за играчи до 21 година, па ова ќе биде меч за престиж. Со победа од најмалку два гола разлика, Франција ќе биде прва, а секој поинаков исход ја остава Швајцарија на врвот.
И двете селекции имаат блескави таленти и заслужено и на убедлив начин ќе патуваат на ЕП.
Мечот ќе биде на некој начин и фестивал на кој ќе се слави пласманот на ЕП, па во Каен може да се очекуваат голови од две репрезентации што имаат големи амбиции и на шампионатот што ќе се игра во март и во мај и јуни во посебни фази во Словенија и Унгарија.
Предлог тип: 1Х& ГГ (1.98)
Квоти на денот во Sport Life се:
Црвена ѕвезда – Златибор 1-1&3-5 гола (2.50)
Франција – Швајцарија Т1 1+I& Т1 2+ (2.00)
Спортинг Хихон – Рајо Валјекано 1Х&2-4 гола (2.40)