28.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Комбинација од фудбал, кошарка и тенис за добитен тикет

1640 Телстар – Дордрехт (18:45 ч.)

Иако загуби во последните две кола, Толстар сега е голем фаворит за победа затоа што за ривал го има „фенерџијата“ во лигата. Дордрехт е тим кој има девет порази во 12 меча и дури со 35 примени гола е „топовско месо“ за противниците.

Посебно очаен е Дордрехт на гости, каде што има шест порази во исто толку средби и дури 25 примени гола. Во корист на Телстар е и меѓусебната традиција според која Дордрехт загубил пет од последните шест средби со овој ривал, па затоа сè освен лесна победа на домаќините ќе биде изненадување.

Предлог тип: 1-1&2-5 (2.75) – квота на денот во Sport Life

 

1641 Графшап – Камбур (21 ч.)

Две екипи кои сезонава ќе се борат за влез во елитното фудбалско друштво во Холандија. Графшап наредни девет победи во 12 меча и е лидер, а Камбур е веднаш потоа со осум победи, но и меч помалку.

Камбур има застрашувачки напад, па во 11 меча досега постигна дури 43 погодоци, додека Графшап има 26 погодоци во 12 средби. Традицијата во меѓусебните дуели вели дека на последните 23 средби, секогаш имало најмалку два погодоци. Ова е доволен факт дека и вечерва треба да има голеада.

Предлог тип: 4+ (2.15)

 

8429 Баерн Минхен – ЦСКА Москва (20:30 ч.)

Гостите се фаворити, но факт е дека и Баерн сезонава игра одлично, па не случајно е на второто место во Евролигата со седум победи од девет средби. Офанзивната игра е адутот на Баерн, кој во последните 13 натпревари нема дадено под 74 поени. Тоа што е интересно е дека од последните 11 средби, Баерн трипати завршува со 74 поени, а двапати постигнува 75 поени.

За машинеријата на ЦСКА треба да е полесно да ја надмине границата од 74,5 поени, па тука е најпривлечно да се одигра квотата на денот во Sport Life.

Предлог тип: Т1&T2>74,5 (2.10) – квота на денот во Sport Life

 

7101 Надал – Циципас (21 ч.)

Победникот од овој дуел ќе обезбеди место во полуфиналето на Мастерсот во Лондон. Надал е фаворит, но Циципас сигурно дека нема да се предаде без борба. Гркот на последните пет меча кои ги одигра, секогаш имало сет во кој се играло тајбрејк, а Надал во минатото коло по два тајбрејка загуби од Доминик Тим.

И на последните два меча меѓу Надал и Циципас имало дури три сета кои се решавале со тајбрејк.

Предлог тип: Има тајбрејк (2.05) – квота на денот во Sport Life

 

4242 Васко де Гама – Форталеза (23 ч.)

Некогашниот бразилски гигант Васко де Гама сега се бори за опстанок во Серија А. По 19 одиграни меча, Васко де Гама има само 22 поени, два помалку од денешниот ривал. Домашниот терен и не е некоја предност за Васко де Гама затоа што во девет меча има дадено и примено по девет гола.

Една предност за домаќините е тоа што Форталеза игра очајно на гостински терен и во 10 средби се радувала само еднаш.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.56)

 

- Оглас -

Најнови вести