3002 Специја – Аталанта (Сабота 18 часот)
Паузата со настапите на репрезентациите повеќе и одговара на Специја, тим што нема многу репрезентативци во своите редови, за разлика од Аталанта.
Сепак домаќините имаат многу проблеми со повреди и со отсустни играчи. Повторно нема да игра главниот напаѓач Галабинов, а со него дури цел еден тим составен од важни играчи за Специја нема да настапи денеска.
Аталанта исто така има доста повредени фудбалери, но и многу поголем избор на играчи, па очекувам да тргнат во офанзива од самиот почеток. Ова се мечеви што мора да се добијат за да се остане во трка за позициите што водат во Лигата на шампионите и типувам на убедлива победа на гостите.
Предлог тип: 2-2&3+ (2.60)
3003 Јувентус – Калјари (Сабота, 20.45 часот)
Јувентус има интересен старт во новата сезона, се уште се без пораз, но за тим од таков калибар пречесто играат нерешено. Во првите 7 кола дури четирипати ремизираа, па сега имаат одлична шанса со победа да тргнат кон врвот на табелата.
Калјари мака мачи со повреди на играчите, па на мегдан во Торино допатува без неколку првотимци, што е голем хендикеп против екипа што редовно е главен фаворит за Скудетото.
Старата дама мора да мисли и на Лигата на шампионите, бидејќи следат две кола во следните две седмици. Потребни им се и победи против Ференцварош и Динамо Киев за да го обезбедат пласманот во нокаут фазата.
Распоредот на натпревари за учесниците во еврокуповите е пеколен, па мора и да се штедат сили во услови кога дополнителен проблем е пандемијата со Ковид-19.
Очекувам победа на Јувентус, во меч со три, или помалку голови.
Предлог тип: 1&0-3 (2.45)
3007 Сампдорија – Болоња (Недела, 15 часот)
Двете екипи се некако изедначени со квалитет, па веројатно ремито е најреален исход. Иако и Сампдорија, а особено Болоња ретко играат нерешено, овде мојот тип е меч без победник.
Под палката на Синиша Михајловиќ Болоња скромно ја почна сезоната во Серија А, а според квалитетот имаат тим за средината на табелата. Проблем ќе им биде што еден од главните играчи, Муса Бароу долго патуваше од Гамбија до Болоња, по настапот за својата репрезентација во Африканскиот куп на Нации.
Кај Сампдорија се уште главниот збор го има ветеранот Квалјарела, па можно е да има голови, а типувам дека двете екипи ќе ја прекинат долгата серија од 10 меѓусебни дуели без реми.
Предлог тип: Х (3.20)
3008 Верона – Саусоло (Недела, 15 часот)
Последниот меч што го одиграа Верона и Сасуоло беше одличен, а второто полувреме спектакуларно со шест гола. Кога игра Сасуоло немам дилеми за тип на голови. На нивните дуели секогаш е интересно, најмногу заради офанзивниот стил на игра.
Со ремито 3:3 во јуни годинава, двете екипи ја прекинаа серијата од неколку меча што беа скромни со голови.
Секако во ова време кога се игра интензивно фудбал во услови на пандемија со корона-вирус многу работи зависат од повредите и од напорниот ритам на мечеви, но на „Бентегоди“ утре очекувам многу голови и нов ефикасен меч меѓу Верона и Сасуоло.
Предлог тип: ГГ3+ (1.68)
3010 Наполи – Милан (Недела, 20.45 часот)
Милан игра одлично во серија, но таков континуитет нема кога гостува во Неапол. За Росонерите „Сан Паоло“ е еден од најнезгодните терени за играње и немаат победа како гости кај Наполи од 2010 година.
Можеби сега ситуацијата е малку изменета, Милан нема пораз во Серија А, а и ќе се игра без публика, што е шанса за гостите да и стават крај на долгата серија без триумф во Неапол.
Сепак и Наполи игра се подобро, хаосот со неодиграниот меч против Јувентус веќе е зад нив, а ќе биде интересно да видиме каква тактика ќе подготви Гатузо за гостувањето на неговиот поранешен клуб.
Мислам дека Наполи е фаворит, имаат тим што подолго игра заедно без поголеми измени, иако успесите на Милан годинава се за почит. Ќе типувам единица и прв пораз на Милан во Серија А сезонава.
Предлог тип: 1 (2.45)