Вкупно 36 прогнозери имаат максимални четири погодоци по вчерашните мечеви од 11. коло на Спортска прогноза. Во ова коло имаше вкупно 2.415 прогнозери кои се вклучија во трка за освојување на Среќна 13-ка, која може да ви донесе мобилен телефон Ајфон 11.
За денеска и утре остануваат уште осум натпревари за кои своето мислење го дадоа 2.415 прогнозери, а ние ќе се обидеме да ви донесеме добитен тикет според најголемиот процент на понудени фиксови.
Возбудувањата ќе започнат со дуелите од 15 часот меѓу Шефилд јунајтед и Вест хем во Англија и Сампдорија – Болоња во Серија А во Италија. Речиси 75 отсто очекуваа победа на Сампдорија, додека неверојатно израмнет е процентот за средбата од Премиер лигата и за сите три знаци има над 30 отсто шанси да излезат.
Фрајбург треба да е фолем фаворит против Мајнц, барем според 79,92 отсто од прогнозерите. На победа на Арсенал на гости кај Лидс се надеваат речиси 60 отсто, а 54 отсто е вербата дека Валенсија ќе слави на гости кај Алавес.
Во „македонскиот дуел“ во Серија А, Удинезе има 48 отсто шанси да ја победи Џенова, а 41 отсто се шансите за реми, па најважно е тука домаќините на Илија Несторовски да не загубар од гостите предводени од Горан Пандев.
По израмнети 38 отсто се шансите за „кец“ и „икс“ на дуелот Наполи – Милан, додека шансите на гостите се проценуваат со 23 отсто. Утре се игра мечот Вулверхемптон – Саутхемптон, а домаќините имаат 72 отсто шанси за победа.
Според овие проценти по прогнозите од сите играчи во ова коло на Спортска прогноза, ви составивме тикет со вкупен коефициент од 339.1 во Sport Life што значи дека за само 20 вложени денари можната добивка ќе ви биде 6.782 денари, односно нешто повеќе од 110 евра.
ТИКЕТ
1009 Шефилд јунајтед – Вест хем 1Х 1.57
3007 Сампдорија – Болоња 1 2.65
1808 Фрајбург – Мајнц 1 2.00
1010 Лидс – Арсенал 2 2.30
3009 Удинезе – Џенова 1 1.90
3010 Наполи – Милан 1Х 1.34
1309 Алавес – Валенсија 2 2.90
1007 Вулверхемптон – Саутхемптон 1 2.40
—————————————————————————–
Вкупен коефициент: 339.1