Кавани ги разбуди Црвените Ѓаволи – И едно добро полувреме му е доволно на Манчестер јунајтед за победа (Видео)

Доста е и едно добро полувреме за победа во Премиерлигата, а токму тоа се случи на „Сент Мери“, каде Манчестер јунајтед направи голем пресврт и по негативата од 0:2 го победи Саутемптон со 3:2.

Црвените ѓаволи се разбудија и со многу подобра игра во второто полувреме се спасија од пораз, а дури успеаја и да ги освојат бодовите.

Единсон Кавани беше џокерот на гостите и со два гола го одведе Јунајтед до триумф, а помогна и Бруно Фернандеш со гол и асистенција.

Домаќините почнаа многу подобро, а Јан Беднарек со удар со глава го совлада Де Хеа за 1:0. Манчестер прими уште еден гол во првиот дел, а мрежата со еврогол од слободен удар им ја затресе и Џејмс Вард-Прауз

Вистински потег за гостите беше одлуката на Оле Гунар Солскјер да му даде шанса на Едисон Кавани да влезе во игра на почетокот на второто полувреме.

Уругваецот влезе во игра на местото на Мејсон Гринвуд и го постигна најрпво голот за 2:2 во 74. минута, а потоа и за победа од 3:2 во самиот финиш. Повторно клучен играч во акцијата за спас на Црвените ѓаволи беше Бруно Фернандеш.

Тој го најави спасот од пораз со гол во 60. минута, а потоа по неговиот удар кон голот на Саутемптон одлично реагираше Кавани и со удар со глава израмни на 2:2.

Уругваецот беше одличен и спасител на фаворитот, а постигна уште ден гол, доволно за победа од 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести