6001 Башакшехир – Лајпциг (Лига на шампиони, 18.55 часот)
Турскиот тим го држи клучот за разврската во групата Х, која е една од најтешките во Лигата на шампионите и со најнеизвесен финиш. Турците со победа можат да се вклучат во битката за осминафинале, а пораз и реми веројатно ќе им го заврши европскиот настап.
Лајпциг го доби првиот меч со турскиот првак со 2:0, но повторно мора да победи ако сака да зависи сам од себе за настап во нокаут-фазата.
Првиот меч беше жесток, имаше дури 7 жолти картони, а сега се очекува уште пожестока борба бидејќи веќе нема поинаква опција за двата тима освен атак на победа.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.73)
6005 Ференцварош – Барселона (Лига на шампиони, 21.00 часот)
Барселона ќе игра безмалку без цел прв тим, но и резервите со победа од 4:0 во Киев против Динамо покажаа дека можат да ги заменат првотимците. Меси, Тер Штеген и Кутињо ќе одморат, а Бускетс, Пике, Фати, Роберто и Умтити се повредени.
Голови се очекуваат од Брајтвајт, Гризман, Тринкао и Педри, а и Ференцварош може да ја затресе мрежата на гостите. Унгарците имаат многу солидни напаѓачи. Нгуен и Боли се претставија во убаво светло во натпреварите од Лигата на шампионите, па во отворен меч типуваме дека ќе има доста голови на „Групама арената“ во Будимпешта.
Предлог тип: 4+ (2.38)
6006 Јувентус – Динамо Киев (Лига на шампиони, 21.00 часот)
Јувентус не игра добро, но и во таква ситуација рутински се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите. Навивачите не се задоволни, Андреа Пирло се најде под баражен оган од критики поради јаловите настапи на Старата дама во Серија А.
Тим што има ѕвезди од калибарот на Роналдо, Дибала, Мората, Кулушевски и уште дузина други не личи на шампионски состав.
Сепак, денеска им е шанса да го поправат впечатокот и да одиграат ефикасно против ривал што има големи проблеми. Динамо Киев постојано се мачи со корона-вирусот, во Торино допатуваа без седуммина играчи кои се пријавени за настап во Лигата на шампионите, а неизвесен е настапот уште на петмина фудбалери.
Јувентус игра ревијален меч, Динамо ќе се обиде да изненади и да направи предност во однос на Ференцварош во битката за третото место и настап во Лигата на Европа, па најавата е дека ќе се игра за гол повеќе.
Предлог тип: 3+ (1.72)
6007 Манчестер јунајтед – Пари Сен Жермен (Лига на шампиони, 21.00 часот)
Манчестер јунајтед станува вистински кошмар за Светците од Париз и преклани успеа и да ги елиминира во осминафинален двомеч во Лигата на шампионите и да слави на „Паркот на принцовите“ и во ова издание.
Особено импресивен беше ѓаволскиот камбек на англискиот тим против ПСЖ во сезоната 2018/19, кога со пораз од 0:2 на „Олд Трафорд“ пристигнаа во Париз речиси отпишани од сите за пласман во четвртфиналето. Успеаја да приредат вистинско чудо и со победа од 3:1 да минат понатаму.
И во ова издание му одржаа фудбалска лекција на актуелниот вицешампион во Париз и со многу подобра игра победија со 2:1.
ПСЖ има и многу проблеми, постојано го менуваат Томас Тухел и никако да го сменат, што создава многу нервоза во нивниот табор. Ако загубат на „Олд Трафорд“, сериозно им виси пласманот во нокаут-фазата, особено ако и Лајпциг слави во Истанбул.
Мечот е многу значаен, се очекува рововска битка и ќе типуваме дека решение ќе има со повеќе голови во второто полувреме.
Предлог тип: 2>1 (1.93)
6008 Севилја – Челзи (Лига на шампиони, 21.00 часот)
Ова е директна битка за првото место во групата Е, а и двете екипи одат понатаму во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Првиот меч во Лондон заврши без голови, а возможно е да има реприза и на „Рамон Санчес Писхуан“ вечерва од 21 часот.
Севилја е во малку посложена ситуација бидејќи во сабота ќе игра дерби во Ла Лига со Реал Мадрид, повторно на домашен терен. Од друга страна, Челзи патуваше до Андалузија, па му следува враќање во Лондон и дуел со Лидс исто така во сабота.
Двете екипи газат добро и на домашен план, па се чини дека ќе има доста калкулации и од Лопетеги и од Лампард за дуелот вечерва, за да се сочуваат сили за дуелите што следуваат во Ла Лига, односно во Премиер лигата.
Предлог тип: 0-2 гола (1.90)
Квоти на денот во Sport Life се:
Башакшехир – Лајпциг 2&2-4 (2.35)
Манчестер јунајтед – ПСЖ Т2 1+I&T2 2+(2.70)
Борусија Дортмунд – Лацио Т1 2+&ГГ (2.20)