6001 Лацио – Бриж (Лига на шампиони, 18.55 часот)
Лацио има се во свои раце и нема да пропушти шанса да се пласира во нокаут фазата. Римјаните можат да бидат и први во Ф групата, ако Борусија Дортмунд не го победи Зенит.
Италијанските тимови се неприкосновени кога се играат вакви решавачки мечеви и Лацио е фаворит според многу параметри. Имаат и поквалитетен тим и играат во посилна лига од ривалот и на клучниот меч денеска им одговара и реми.
Тоа личи на добитна комбинација за Лацио, тим кој ќе ги има на располагање најсилните адути освен можеби Кореа и Патрик кои се повредени.
Бриж не го победи Лацио на свој терен, типуваме дека нема да успее и во Рим, а поради големото значење на мечот очекуваме одлуката за исходот на „Олимпико“ да „падне“ со повеќе голови во второто полувреме.
Предлог тип: 1Х&2>1 (2.50)
6002 Зенит – Борусија Дортмунд (Лига на шампиони, 18.55 часот)
Зенит е отпишан и сигурно ќе биде последен во групата што е несупех за рускиот тим, кој вложува многу и се очекуваше барем да продолжи во Европа Лигата.
Клубот од Санкт Петербург има два тешки дуели во руското првенство. Ќе игра со двете екипи од Москва, Динамо и Спартак, па во ваква ситуација поважни се тие натпревари во битката за првото место во домашното првенство, отколку мечот со Борусија што не може да им донесе ништо значајно.
Борусија има поинакви проблеми, им се повреди неверојатниот стрелец Ерлинг Халанд и тоа веќе се забележува во ефикасноста на Милионерите.
За двете екипи ова е ревијален меч, па очекуваме најмалку три гола во Санкт Петербург.
Предлог тип: 3+ (1.73)
6003 Барселона – Јувентус (Лига на шампиони, 21 часот)
Барселона има подобар биланс во меѓусебните дуели и води со 5:3 во победи во досегашните 12 меча со Јувентус. Денешниот натпревар сепак е малку поинаков и без императив за двете екипи.
Куман и Пирло, две големи светски легенди, сега тренери на двата состави ќе одлучат дали по долго време ќе гледаме нов дуел меѓу Меси и Роналдо, што го прави овој дуел исклучително интересен, иако нема посебен резултатски императив.
Јувентус тешко ќе стаса до првото место во групата, по поразот во Торино со 0:2 од Барса. Старата Дама не игра добро, иако успеа да се пласира во нокаут фазата во Лигата на шампионите и нема пораз во Серија А.
Слично е и со Барселона. Шпанскиот гигант е на деветтото место во Ла Лига и веќе заостанува за 12 бода зад лидерот Атлетико Мадрид по само 10 кола. Приоритет во овој момент и за двете екипи е да го поправат пласманот во домашните првенства, откако обезбедија настап во нокаут фазата во ЛШ, па ќе типуваме дека вечерва на „Камп Ноу“ ќе нема победник.
Предлог тип: Х (3.70)
6005 Динамо Киев – Ференцварош (Лига на шампиони, 21 часот)
Жустро беше на првиот меч меѓу двата аутсајдери од Г групата и на „Групама арена“ немаше победник, но имаше многу картони.
Словакот Крузлијак покажа вкупно 8 жолти картони, а го исклучи Сидорчук од Динамо. Гостите прокоцкаа предност од два гола, мечот заврши нерешено 2:2, па сега Украинците се во предност.
Динамо игра на домашен терен, може и да ремизира со помалку од два гола во двете мрежи и да се пласира во Европа Лигата.
Ференцварош остави солиден впечаток во првиот настап по четвртина век во Лигата на шампионите, но оваа група со два асполутни фаворити, Барселона и Јувентус, беше пресилна за нив и за Динамо.
Овој меч одлучува за патникот во Европа Лигата, па очекуваме нов борбен дуел на две екипи од Источна Европа, а ќе ја искористиме можноста што ја нуди Sport Life и ќе одиграме на вкупно картони.
Понудата е интересна и се сметаат вкупно сите картони, со тоа што евентуално исклучување, или црвен картон се брои двојно, што е одлична понуда за обложувачите што играат на плус картони во Sport Life.
Предлог тип: >5.5 картони (2.05)
6007 Лајпциг – Манчестер јунајтед (Лига на шампиони, 21 часот)
Меч „Да се биде, или не“ за две екипи што имаат големи амбиции, но место веројатно ќе има само за една во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Лајпциг играше во полуфиналето во минатото издание на ЛШ, а ако сака да продолжи понатаму ќе мора да го победи Манчестер јунајтед. Или да ремизира, па да чека сензација и пораз на ПСЖ од Башакшехир, што е во доменот на светско чудо.
Црвените ѓаволи ги декласираа Германците во првиот меч со 5:0 и тој резултат им обезбеди ситуација и со реми да се пласираат во нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Манчестер има одлични напаѓачи што можат да ги користат евентуалните грешки на Лајпциг, но и германскиот тим стекна одлично искуство во Лигата на шампионите.
На домаќините ќе им недостасува стоперот Упамекано, еден од најдобрите во Европа, а нема да играат уште неколку значајни играчи. Лајпциг игра модерен фудбал, агресивен со многу трчање и тука можат да му парираат на Јунајтед.
Значењето на мечот е огромно, нормално е да има и нервоза, па и тука ќе одиграме на картони, бидејќи се работи за клучен меч и за двете екипи кои сакаат пласман во нокаут фазата во ЛШ.
Предлог тип: >5.5 картони (1.90)
Квоти на денот во Sport Life:
Лацио – Бриж 1Х&ГГ (2.20)
ПСЖ – Башакшехир Т1 2-3 пол. (2.70)
Лајпциг – Манчестер јунајтед 1+I&2+II (2.50)