Валенсија и Атлетик Билбао ќе го започнат својот меч од шпанската Ла Лига во 14 часот денеска, а тоа ќе биде време и кога ќе заврши можноста да бидете учесници во 14. коло на Спортска прогноза што го организираат Sport Life и Спорт Манија.
Во оваа игра имате единствена можност бесплатно да стасате до мобилен телефон „ајфон 11“ или да добиете вредносни ваучери од Sport Life во вредност од 1.000 и од 500 денари.
Со евентуална погодена 13-ка ви следува прекрасниот мобилен телефон „ајфон 11“, а на Спортска прогноза трета година по ред се наградуваат и утките.
Доколку имате едно промашување ќе бидете добитник на вредносен ваучер од 1.000 денари, додека со два промашени натпревари вредносниот ваучер изнесува 500 денари во Sport Life.
Ова коло е многу интересно со две градски дербија во Манчестер меѓу Јунајтед и Сити и во Мадрид меѓу Реал и Атлетико, што е посебен предизвик да се приклучите на бесплатната игра.
Веќе редовно, дел од Спортската прогноза се преку 2.500 корисници на Sport Life картичката, која е единствен услов за да бидете дел од викенд возбудувањата.
Секако, треба да бидете и редовни и да учествувате и во битката за Топ-5 позиции во Генерален пласман, затоа што на крајот од сезоната, следуваат подароци и за најуспешните во текот на целата сезона.
Шампионот во третата сезона на Спортска прогноза ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а за петте најдобропласирани во Генерален поредок ќе има многу поени со кои ќе можат да си изберат подароци во СЛ маркетот на Sport Life.