1806 Лајпциг – Вердер (Бундеслига, 15.30 часот)
Лајпциг е во топ-форма иако игра во ритам среда-недела, па успешно се бори на двата важни фронта. Ремито 3:3 во Минхен против Баерн и победата против Манчестер јунајтед од 3:2 во Лигата на шампионите им носи дополнителен потстрек, иако ритамот на мечеви е многу напорен.
Денеска ќе играат против ривал кој за нив доаѓа во вистинско време. Вердер нема победа на 7 меча по ред што е показател дека се во криза.
И традицијата кога се игра на „Ред Бул“ арената во Лајпциг е на страната на домаќините кои ги добија сите четири досегашни натпревари на свој терен против Вердер.
И двете екипи се ефикасни, но Лајциг е барем за една класа подобар тим од Вердер и типуваме дека ќе победи и петти пат по ред на свој терен, овојпат во меч со најмалку три гола.
Предлог тип: 1&3+ (1.83)
1702 Марсеј – Монако (Лига 1, 17 часот)
Марсеј има гранитна одбрана, една од најдобрите во француското првенство, а на гости им доаѓа една од најефикасните екипи во едно од двете дербија во ова коло.
Интересно е што Марсеј на домашен терен прими двојно повеќе голови, отколку на гости, но се заедно само 9 примени гола на 11 меча е одличен ефект. Имаат и серија од пет победи и на 8 меча по ред се непоразени.
Монако го загуби дербито со Лил во минатото коло и ја прекина серијата од 4 победи, во која го урна и шампионот ПСЖ.
Двете екипи имаат интересна статистика во последно време и играат ултра-ефикасно. Од 2015 година одиграа вкупно 12 меча во различни натпреварувања, а на десет од нив се играше со ГГ&3+.
И сега двете екипи се во солидна форма се борат за врвот и имаат одлични напаѓачи, па ќе типуваме дека традицијата ќе продолжи.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.00)
1807 Унион Берлин – Баерн Минхен (Бундеслига, 18.30 часот)
Баерн одмори поголем дел од првотимците против Локомотив Москва и сега може со полн капацитет да тргне во нови победи.
Џошуа Кимих нема да игра, но се чини дека хендикепите на домаќините се поголеми. Андриќ беше исклучен против Херта, нема да игра и Похјанпало и што е најголема мака за Унион и најдбриот стрелец Макс Крузе.
Лани во дебитантската сезона во Бундеслигата тимот од Берлин одигра два солидни дуели со шампионот и иако ги загуби со 0:2 дома и со 1:2 во Минхен можеше и да освои еден бод. Андерсон промаши пенал на гостувањето кај Баварците што можеше да му донесе сензационално реми на Унион Берлин.
Баерн е голем фаворит и веројатно ќе победи, но и очекуваме да прими барем еден голво дуел на двете најефикасни екипи во Бундеслигата.
Предлог тип: Х2&ГГ (1.80)
3004 Лацио – Верона (Италија, Серија А, 20.45 часот)
На Лацио му доаѓа на гости Верона, омилениот ривал во Серија А. Тим што ги нема победено лацијалите на последните 9 меѓусебни дуели што е долга серија.
Последен пат Верона го надигра Лацио во 2013 година на домашен терен, а за „Рипли“ е податокот дека никогаш не го победиле денешниот домаќин на меч во Рим.
Играчите на Лацио ќе бидат поуморни од тие на ривалот, бидејќи играа исцрпувачки меч во текот на неделава со Бриж и на крајот и со многу среќа се пласираа во нокаут фазата.
Верона сепак е ривал како погоден за Лацио во овој момент, им лежи нивниуот стил на игра и ќе типуваме дека неверојатната серија без пораз на домашниот тим ќе продолжи.
Предлог тип: 1 (1.70)
1005 Евертон – Челзи (Англија, Премиерлига, 21 часот)
И двете екипи имаат големи амбиции, а засега подобро му оди на Челзи, екипа што е меѓу главните фаворити за титулата во Англија.
Се чини дека тимот од Лондон со летните засилувања и нема слаба точка во тимот, а имаат доволно широк и квалитетен ростер за атак на англиската круна.
И Евертон се засили, па и Карамелите се надеваат на добар пласман, па ова е еден од двата дерби дуели во 12. коло. За Челзи гостувањата на „Гудисон парк“ во последно време беа тешки и најчесто со пораз, а без победа се на последните три дуели на кои Евертон им бил домаќин.
Затоа, иако двојката е реална, ќе избегнеме да типуваме победа на Челзи и ќе се обидеме со комбиниран тип.
Предлог тип: 1+I&1+II (1.52)
Квоти на денот во Sport Life се:
Борусија Дортмунд – Штутгарт Т1 2+&ГГ (2.10)
Манчестер јунајтед – Манчестер сити 1-3I&1-3II (1.95)
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 1Х&2-4 (2.30)