2837 Сиваспор – Анталијаспор (Турција, 17 часот)
Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ постигна два гола на последните три меча, најави враќање во препознатливиот ритам и тој ќе биде најголемиот адут на гостите.
Анталијаспор има интересна екипа со неколку искусни фудбалски мајстори од калибарот на Јаховиќ, Подолски, Ѓумуш… и од екипата се очекуваше подобар пласман од 15-тото место по првата четвртина од шампионатот.
Уште полошо стои Сиваспор, екипа што е на една позиција над опасната зона за испаѓање во турското првенство. Испаднаа и од Лигата на Европа, па сезоната им почна катастрофално лошо.
И домаќините имаат свои адути, тимот е комбинација од искусни интернационалци предводени од Јатабаре, Којоде, Градел, Фајр…, па на Јаховиќ и соиграчите нема да им биде лесно да си заминат непоразени. Анталија не победила во Сивас од 2013 година, па можеби сега е време за подвиг.
Предлог тип: Х2&2+ (2.45)
3308 Лехија Гдањск – Плоцк (Полска, 18. часот)
Двете екипи се во надолен тренд и немаат победа во последните неколку кола во Екстракласа. Плоцк точно пред една година беше второпласирана екипа во полското првенство со 22 бода, сега е на 14-тото место само со 10 бода, што е огромен пад во формата.
Немаат победено на последните пет натпревари, а во црната серија неуспеси треба да се додаде и елиминацијата во националниот куп.
Лошо за нив е што никогаш не ја победиле Лехија во Гдањск, а според тоа во каква ситуација се сега, тоа тешко ќе се случи и денеска.
Лехија добро тргна во новата сезона, но го расипа впечатокот и пласманот со три порази по ред, на кои не постигна ниту еден гол.
Домаќините имаат подобар тим и ќе ја прекинат низата од три порази со триумф против Плоцк.
Предлог тип: 1 (1.95)
1351 Жирона – Рајо Валјекано (Шпанија 2, 19 часот)
Двата поранешни прволигаши имаат иста цел сезонава, камбекот во Ла Лига е приоритет, но според тоа како играат, тешко дека ќе стигнат до првите две места.
Мајорка и Еспањол побегнаа далеку на двете први места, што водат директно во Ла Лига, па вакви мечеви каков што е меѓу Жирона и Рајо се тепки за играње, со императив да не се загуби од директен ривал за местата што водат во бараж-дуелите за уште едно место во Првата шпанска лига.
За Рајо и денеска нема да брани Столе Димитриевски по исклучувањето пред три кола против Леганес. Казната е четири меча за македонскиот репрезентативец, што значи и хендикеп за гостите.
Замената за Димитриевски е синот на Зинедин Зидан, Лука, кој бранеше солидно во минатото коло против Логроњес.
Интересно е што на последните 9 меча немаше реми на дуелите на овие две екипи, па очекуваме и десетка во низа.
Предлог тип: 12 (1.42)
1310 Селта – Кадис (Шпанија, 21 часот)
Двете екипи се во добра форма и се непоразени во последните две кола во Ла Лига. Кадис доаѓа на „Балаидос“ во Виго осоколен по големата победа против Барселона, а претходно го победија и Реал Мадрид и по 12 кола се хит во Шпанија.
Немаат ѕвезди во тимот, но се многу незгодна, борбена и квалитетна екипа со изразен тимски дух. Селта има подобри играчи, а Аспас, Нолито, Мина, Суаресм Малјо… почнаа да играат како што се очекуваше од нив. Селта врза две победи, но ќе има тежок ривал.
Двете екипи имаат историјат на ефикасни дуели, па и вечерва во Виго очекуваме да има голови.
Предлог тип: 1+I1+II (1.91)
1649 Рода – Хелмонд (Холандија 2, 21 часот)
Рода е во подобра форма од Хелмонд и ќе се обиде со победа да се пробие во бараж-зоната во Ерстедивизија. Тимот кој има неверојатна серија од 41 сезона со настапи во Првата холандска лига, сака пак да се врати во елитата и да биде член на популарната Ередивизија.
Ако победат денеска, ќе бидат во Топ-8 во лигата што ќе ги доближи до целта. Хелмонд стартуваше поскромно и моментно е на 16-тата позиција на табелата.
На последните три дуели, една од екипите не успеваше да постигне гол, а на сите три имаше барем еден гол во првото полувреме и два или повеќе во вториот дел.
Овде ќе одиграме во континуитет со традицијата и ќе типуваме на гол во прво и два во второ.
Предлог тип: 1+I&2+II (2.35)
Квоти на денот во Sport Life:
Одензе – Митјиланд Т2 2+&ГГ (2.65)
Селта – Кадис 1&2-4 (2.65)
Монтихо – Брага Т2 3-5 (2.10)