Дуелот Баер Леверкузен – Баерн Минхен сигурно е најатрактивен меѓу 13-те мечеви кои се понудени за 15-тото коло на Спортска прогноза. Фармацевтите од Леверкузен покажаа дека имаат тим да му конкурираат на Баерн за титулата, но ќе биде посебно интересно дали во меѓусебен дуел ќе може да ги победат.
Само за 24 часа, повеќе од 1.000 прогнозери ги дадоа своите типови, а интересно е што над 70 отсто веруваат дека Баерн ќе слави иако е гостин. Шансите за три бода за Баер се под 10 отсто според прогнозерите, но во претходните кола на Спортска не еднаш се потврди дека победуваат клубовите на кои речиси и да не им давате шанси за триумф.
Освен дербито во Бундеслигата, во понудата за најновото коло има уште неколку атрактивни дуели меѓу звучни ривали, па затоа со вашата Спорт клуб картичка од Sport Life, вклучете се во бесплатната игра, во која главната премија секој викенд е „ајфон 11“!
За да бидете добитни на „ајфон 11“, потребно е да ги погодите сите 13 фикса, односно да имате Среќна 13-ка. Подароци има и за 12 и 11 погодоци, а тоа се вредносни ваучери од Sport Life во износ од 1.000 и 500 денари.
Едноставно, ова е игра во која бесплатно може да го проверите вашето обложувачко искуство, а со малку повеќе среќа и да добиете некој подарок. Затоа ПРОГНОЗИРАЈТЕ !