Андерлехт бара победничка карта за покер, обидете се со точен резултат за коефициент 8.75

2839 Универзитатеа Крајова – ФЦСБ (Романија, 19.30 часот)

Само две победи на 21 меч и две нерешени. Ќе играат убедливо најдобриот напад во Лигата против втората најцврстата одбрана, што му дава посебен шарм на романското дерби.

Стеауа, или како што по ново се нарекува клубот ФЦСБ, постигна дури 34 гола на 13 меча, што е убедливо најмногу во првенството.

За разлика од нив, Академците од Крајова инсистираат на цврста одбрана и примија само 7 гола, со што ја имаат најдобрата одбрана зад шампионот Клуж.

Универзитатеа лани пропушти златна шанса да ја освои петтата титула во клупската историја и прва по 1991 година. Згубија во директен меч за шампионската круна на свој терен од Клуж, па сега се во нов атак на титулата.

Ова е дерби на две изедначени екипи и иако ФЦСБ доминира во меѓусебните дуели и ја победи Универзитатеа 8 пати на последните 9 дуели, ќе типуваме на реми.

Предлог тип: Х (3.10)

 

1810 Унион Берлин – Борусија Дортмунд (Германија, 20.30 часот)

Лани за првпат двете екипи играа меѓу себе во Бундеслигата, во историската сезона за Унион Берлин како германски прволигаш, и на двата дуели имаше многу голови.

Унион изненади со победа против Милионерите од 3:1 на домашен терен, но потоа беше декласиран со 5:0 на „Вестфален“.

И сезонава ништо не е променето и двете екипи играат за гол повеќе, па се очекува нов фестивал од погодоци на „Форстереј“ во Берлин.

И Унион и Борусија на 12 натпревари во Бундеслигата постигнаа по 25 гола и се најефикасни екипи по Баерн Минхен и Баер Леверкузен.

Предлог тип: 2+I4+ (3.95)

 

3304 Легија – Стал Мјелец (Полска, 20.30 часот)

Легија има посебни мотиви сезонава и ако успее да ја одбрани титулата, ќе биде рекордер со 15 шампионски круни и ќе го напушти друштвото со Рух Хоржов и Горњи Забже, кои имаат идентичен број пехари со нив, по 14.

Клубот од Варшава е најдоминантната екипа во Полска во 21 век со 8 титули, а во последните пет изданија на популарната „Екстракласа“ четирипати беа прваци.

И сега се на првото место на табелата и се големи фаворити против тимот што има богата историја и беше двапати шампион на Полска.

Стал Мјелец е клуб со големо реноме во полскиот фудбал и место каде што кариерите ги почнуваа, или ги развиваа легендарните Грегорж Лато, Жигмунд Кукла, Хенрик Касперчак….

Лани по цели две и пол децении се вратија во Првата лига и по долг период ја играат првата сезона со елитата. Моментно се претпоследни и тешко можат да ја загрозат победата на Легија, но имаат квалитет да постигнат барем еден гол.

Предлог тип: 1&ГГ (2.90)

 

1655 Шарлроа – Андерлехт (Белгија, 20.45 часот)

Чуден хет-трик има најтрофејната белгиска екипа на гостувањата кај Шарлроа, што е предизвик за сите што сакаат да ризикуваат да одиграат и на точен резултат.

Андерлехт трипати по ред слави со по 2:1 на гости кај денешниот ривал, што е реткост во светот на фудбалот. Мечот е и дерби на колото бидејќи и двете екипи се во Топ-5 и се кандидати за титулата.

Вчера шампионот Бриж го победи Мехелен со 3:0 и побегна на врвот на табелата со пет бода предност пред Генк, шест пред Шарлроа и 7 во однос на Андерлехт.

Затоа победата денеска на Шарлроа, или на Aндерлехт, ќе значи многу, во вакви натпревари бодовите вредат двојно, а заради традицијата, предност ќе му дадеме на гостинот.

Андерлехт има големи проблеми со повреди на играчите, денеска дури деветмина ќе бидат надвор од редовите, но така е од почетокот на сезоната кај 34-кратниот белгиски шампион. Се навикнаа да го „крпат“ составот и засега им оди многу солидно во популарната Жупилер лига.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.35)

 

1303 Атлетик Билбао – Уеска (Шпанија, 21 часот)

Уеска е рекордер во Ла Лига дури со 8 нершени дуели во 13 кола, а Атлетик, сосема спротивно, ретко ремизира и одигра само два меча без победник.

И двете екипи се во криза и тешко победуваат. Уеска го забележа првиот триумф дури во минатото 13-то коло, кога го победи Алавес со 1:0, а Атлетик не славел четири рунди по ред.

Мечот ќе има и славенички момент, а Ињаки Вилијамс ќе го игра 171-виот натпревар без прекин и ќе го израмни рекордот на Алфредо ди Стефано.

Тоа може да биде значаен момент за соиграчите од Атлетик да се разбудат и да одиграат подобро, но и Уеска има свои сметки. Никогаш не го победиле Атлетик, па ќе се обидат да ја урнат лошата традиција против тимот до Билбао.

Кога се ќе се измери, можеби ремито е најреален исход.

Предлог тип: Х (3.05)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести