2835 Аугсбург – Ајнтрахт (Сабота, 15.30 часот)
Конечно по долгата низа од 9 меча без победа, од кои 7 им се нерешени очекувам Ајнтрахт да се радува на три бода. Имаат добра екипа, според мене подобра од таа на Аугсбург што и ќе го покажат денеска на гостински терен.
Аугсбург ја победи Арминија и ја сопре серијата од пет меча без триумф, но не верувам дека може и петтипат на свој терен да го надигра мојот поранешен тим.
Ајнтрахт има само една победа на гостувањата во Баварија, кај денешниот ривал и очекувам денеска конечно пак да слави и да го прескокне Аугсбург на табелата.
Предлог тип: 2 (2.00)
2856 Мајнц – Вердер (Сабота, 15.30 часот)
Двете екипи се во лоша форма и лекот за да се прекинат сериите од неуспеси е да се одигра офанзивно и на победа. Вердер заглави со долга низа од 9 меча без триумф, што им го расипа добриот старт во новата сезона. Имаа и тежок распоред, па Мајнц е како порачан тим за прекин на црната серија.
И домаќините не играат добро, па претпоследното место на табелата по 12 кола не изненадува. И Мајнц ќе мора да игра отворено, офанзивно и на победа, ако сака да направи значаен чекор за бегство од опасната зона.
Меѓусебните дуели во последно време им се ефикасни, на шест по ред имаше минимум три гола, па ќе типувам дека традицијата ќе продолжи.
Предлог тип: 3+ (1.88)
2840 Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)
Борусија нема пораз на „Борусија парк“ од Хофенхајм на 8 меча по ред и на грото од нив му даваше најмалку по два гола на противникот.
Тимот од Менхенгладбах и оваа сезона игра атрактивно, за гол повеќе и успешно настапува на двата главни фронта, во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.
Со 23 постигнати голови се меѓу најефикасните екипи во германското првенство и очекувам и денеска да продолжат во тој стил, ефикасно и да постигнат најмалку два погодоци против тим што прима дота голови
Предлог тип: Т1 2+ (1.57)
2857 Лајпциг – Келн (Сабота, 15.30 часот)
Лајпциг има шанса да ја заврши годината како лидер во Бундеслигата, ако Баер Леверкузен и Баерн Минхен ремизираат во дербито на „Бај арена“.
Тоа е мотив повеќе за избраниците на Нагелсман, кои успешно прегрмеа тешки и клучни мечеви и во Лигата на шампионите, но и во Бундеслигата.
Проблем ќе им биде заморот и доста отсутни играчи поради повреди, но Лајциг покажа карактер на голема екипа и победуваше и кога имаше слични проблеми.
Келн е меѓу главните кандидати за испаѓање и нема што да бара на „Ред Бул“ арена.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.50)
2858 Шалке 04 – Арминија (Сабота, 15.30 часот)
Веќе и тешко се бројат мечевите и серијата на Шалке 04 без победа, но сега имаат шанса конечно да ја прекинат против еден од најслабите тимови во Бундеслигата.
По смената на тренерот Баум, може да дојде до промена и на атмосферата во тимот, па обично ваквите натпревари делуваат како позитивна шок-терапија за играчите.
За клубот од Гелзенкирхен е добро што имаат одлична традиција во дуелите со новиот Бундеслигаш. Немаат пораз од Арминија на 12 меча по ред, 11 од нив во натпревари од германското првенство.
Очекувам таа традиција да продолжи и конечно Шалке да ја сопре црната серија од 28 натпревари без победа и со легендарниот тренер Хуб Стевенс да тргне кон безбедната зона.
Предлог тип: 1 (2.40)