21.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Девет победи по ред се топ гаранција за сигурна победа на Макаби

1957 Кајзериспор – Коњаспор (Турција, 14 часот)

Клубовите што имаат по еден наш интернационалец во составите денеска ќе играат за многу важни бодови и бегство од опасната зона.

Даниел Аврамовски веројатно ќе биде резерва кај Кајзериспор, а најавено е дека ниту Ердон Даци нема да биде во стартниот состав кај Коњаспор.

И двете екипи се во криза, се чини во многу поголема се домаќините, со серија од 8 меча без победа во турското првенство.

Пред почетокот на оваа сезона го сменија тренерот Роберт Просинечки, а од испаѓање ги спаси пандемијата со ковид-19, односно одлуката на Турската фудбалска федерација да нема испаѓање и оваа сезона да се игра Прва лига со 21 клуб.

И Коњаспор не е далеку од опасната зона по два порази по ред. Имаат 15 бода, само три повеќе од Денизли и Генчербирлиги, кои се во зоната за испаѓање, одосно за една позиција над неа.

По серија од 10 меѓусебни дуели без реми, последниот меч заврши 2:2, па очекуваме уште еден меч без победник меѓу Кајзери и Коња.

Предлог тип: Х (3.15)

 

1958 Сиваспор – Генчербирлиги (Турција, 14 часот)

Сиваспор го плати данокот со настапи во пеколен ритам на два фронта, па сега по елиминацијата во Европа Лигата е во ситуација да се бори и за опастанок во Турција.

Домаќините имаат солиден тим и серија од 8 меча без пораз на свој терен во дуелите против Генчербирлиги. Последните пет ги доби Сиваспор, а и сега е фаворит.

И двете екипи се непоразени на последните три меча во турското првенство, па очекуваат продолжување на серијата. Интересно е што и Сиваспор и Генчербирлиги постигнаа по 10 гола на 12 меча, па го делат вториот најлош напаѓачки учинок во лигата, зад Кајсериспор со шет погодоци.

Очекуваме нов тврд меч меѓу две екипи од долниот дел на табелата, што може да го одлучи и само еден гол.

Предлог тип: Х-1 (4.85)

 

1959 Анкарагучу – Бешикташ (Турција, 17 часот)

И Анкарагучу требаше да испадне во чудната сезона во екот на пандемијата со ковид-19, но се спаси со административна одлука. Тоа не смени многу во таборот на тимот од главниот град на Турција, па маките продолжија и во новата сезона.

Анкарагучу купи цел нов тим од играчи во летниот преоден рок, па им требаше време да се воиграат, а данокот е претпоследното место на табелата со 9 бода.

Сепак, во последно време играат подобро и имаат две победи и реми во последните три кола. Бешикташ моментно е на петтото место, но со два меча помалку од лидерот Аланијаспор и ако победи на тие два дуели, може да биде и нов лидер во турското првенство.

Во последните пет кола имаат четири победи и еден пораз, токму од Аланија. И на двете екипи им требаат бодовите, многу често играат меѓу себе ефикасно, со многу голови, па ќе типуваме со комбиниран знак.

Предлог тип: X2&3+ (2.04)

 

2830 Ризеспор – Анталијаспор (Турција, 17 часот)

Адис Јаховиќ е невообичаено тивок само со 1 гол во 11 настапи, што е нестандардно за еден од најдобрите стрелци во Турција во последните неколку сезони.

И двете екипи имаат одлични напаѓачи, па се очекува традицијата со ефикасни натпревари да продолжи. Проблем за Ризеспор е што е повреден топ-голгетерот на тимот, Лоик Реми, и тој веројатно нема да игра.

Кај гостите подготвени за атак се Јаховиќ, Подолски, Сем… па очекуваме да има голови во двете мрежи. Десет од последните 11 меѓусебни мечеви на овие две екипи завршија со Гол-гол, а ние ќе додаме барем уште еден погодок за денешниот дуел на стадионот „Чајкур Диди“ во Ризе.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.18)

 

1939 Макаби Тел Авив – Кирјат Шмона (Израел, 19 часот)

Актуелниот шампион Макаби Тел Авив е апсолутен фаворит против Кирјат Шмона, екипа што е во голема криза со четири порази по ред.

Најтрофејната екипа во Израел со 23 шампионски круни ќе се обиде да ја искористи предноста и слабата форма на ривалот за да се пробие на третото место на табелата и да ја намали разликата со лидерот Макаби Хаифа на 8 бода.

Ако домаќините имаат план да ја бранат титулата, тогаш вечерва немаат право на кикс. Оптимизам им дава и фантастичната серија од 9 победи на исто толку меѓусебни натпревари против денешниот ривал, па очекуваат и десетка.

Кирјат Шмона има постигнато само еден гол на последните пет меча, или малку повеќе од 450 минути игра, што е јасен знак во каква форма се во моментов.

Макаби има одличен тим, преполн со израелски репрезентативци и ќе типуваме дека ќе победи без примен гол.

Предлог тип: 1 сигурна победа (2.18)

 

Квоти на денот во Sport Life се:

Сиваспор – Генчербирлиги 1&2-4 (2.00)

Анкарагучу – Бешикташ Т2 2+&ГГ (2.60)

Макаби Т.А. – Кирјат Шмона Т1 1+I& T1 2+ (2.15)

 

- Оглас -

Најнови вести