Се сеќавате на крвничкиот напад на капитенот на Русија? Судот му изрече смешна казна (Видео)

Роман Широков, поранешниот капитен на руската репрезентација и познат играч на Зенит, крвнички го претепа судијата Никита Данченко на аматерски турнир во Москва, што се играше во август годинава, но и покрај сериозниот прекршок доби блага казна од судот.

Ќе мора да одработи 100 часа општествено корисна работа, а успеа да куртули од затворска казна, по големиот инцидент и бруталното тепање на судијата.

Широков, кој има 57 настапи за националната селекција, незадоволен од одлуката на судијата да не досуди пенал, му се нафрли со боксови и клоци.

Прво го погоди со дирек, а потоа го удираше со нозете, додека Данченко беспомошно лежеше на тревата. Се најавуваше и кривична пријава за Широков, но сепак поранешниот капитен на руската репрезентација се спаси од затвор.

„Бев четири и пол часа во болница. Имам повреда на јаболкницата и неколку конци за да ми ја сошијат раната. Сè што нема да те убие, ќе те направи посилен. Засега сум во ред, но треба да има уште неколку испитувања“, изјави несреќниот судија, веднаш по крвничкиот напад на Широков.

Роман е познато име во рускиот фудбал, со 57 меча за националниот состав, а играше и за руските гиганти ЦСКА, Спартак и Зенти, а има настапи и за Краснодар и за Рубин Казањ.

 

- Оглас -

Најнови вести