21.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Празниците се за голови и фудбалски чуда, подгответе се за шоу во Англија со тикет од пет меча и квота 1425

1021 Рединг – Лутон (Чемпионшип, 16 часот)

Вељко Пауновиќ комплетно го смени ликот на Рединг, екипа која игра ултра-офанзивно под команда на српскиот тренер и дава и прима многу голови.

Моментно со 30 постигнати голови на 20 меча се четвртиот најефикасен тим во Чемпионшип, а и според примените погодоци, 26 се во горниот дел од табелата.

Пауновиќ, кој ги одведе младинците на Србија до светско злато пристигна за да го врати сјајот на Рединг и да се атакува на промоција во Премиерлигата, но два порази по ред го сопреа походот кон врвот.

Сега е време за прекин на серијата, а Лутон е таман ривал за такво нешто. Меѓусебните дуели на овие две екипи во минатото често беа супер-ефикасни со многу голови.

Предлог тип: 2+I&4+ (6.10)

 

1012 Блекбурн – Шефилд Венздеј (Чемпионшип, 16 часот)

Блекбурн е втората најефикасна екипа во Втората по ранг англиска лига, а го имаат и вториот најдобар стрелец. Младиот Адам Армстронг, кој има 23 години веќе постигна 15 голови на 20 меча и го привлече вниманието и на екипи од Премиерлигата.

Шефилд нема таков расен стрелец, а некогашниот прволигаш постигна само 11 гола сезонава, или сите играчи заедно кај гостите имаат помал ефект од Армстронг кај Блекбурн.

Шефилд од почетокот на сезоната брка негатива од шест бода, по казната што им ја изрече англиската фудбалска федерација, што е и дополнителен товар во обидот да се избегне најлошото сценарио и испаѓање во Лига 1.

Интересно е што дуелите на овие две екипи се многу ефикасни во последните пет сезони. Лани Блекбурн славеше со 5:0 на гости, претходно и двете екипи по еднаш победуваа со по 4:2, па во тој мод на ден што е празничен за Англичаните ќе типуваме дека повторно ќе има многу голови на „Ивуд парк“.

Предлог тип: 2+I&4+ (5.25)

 

1004 Арсенал – Челзи (Премиерлига, 18.30 часот)

Лондонското дерби ќе го нема препознатливиот празничен дух и ќе се игра на Боксинг деј без навивачи на трибините. Секако и тоа не би требало да ги намали мотивите за фудбалско шоу на двата гиганти на англискиот фудбал. Денеска е празник на фудбалот во Англија, што се практикува во последните 120 години и би требало да донесе дополнителна енергија кај двата лондонски ривали.

Одбраната на домаќините е лоша, тимот е во комплетен хаос и се наоѓа многу блиску до опасната зона за испаѓање што е сензационално за тим од калибарот на Арсенал.

Челзи го има еден од најдобрите напади во Лигата, на двете екипи им треба победа, па очекуваме голови и во празничен дух ќе типуваме дека ќе има најмалку по еден погодок на двете страни уште во првото полувреме.

Предлог тип: ГГ прво (4.85)

 

1005 Манчестер сити – Њукасл (Премиерлига, 21 часот)

На „Етихад“ таман за празник доаѓа омилениот ривал на Манчестер сити. Њукасл нема победа на гостински терен против денешниотривал на 11 меча по ред, што е една од најцните актуелни серии во Премиерлигата.

И во тој долг серијал популарните Чавки имаа порази од по 5:0 двапати, еднаш 6:1 и двапати по 4:0. До скоро имаа и проблеми со позитивни играчи на Ковид-19 и сега се на слични маки, но во помал обем, што ги прави апсолутни аутсајдери.

Манчестер сити го декласира Арсенал со 4:1 во Лига купот и типуваме дека слично ќе му се случи и на Њукасл, денеска на Боксинг деј.

Предлог тип: 2+I&4+ (2.70)

 

1006 Шефилд јунајтед – Евертон (Премиерлига, 21 часот)

Шефилд јунајтед има очајна прва третина од новата сезона во Премиерлигата и неверојатно лош биланс од само две нерешени, дури 12 порази и ниту една победа.

Кризата е длабока кај тимот од Шефилд, а ќе се обиде да ја искористи и одличниот тим на Евертон. Карамелите се во серија од три победи и уште еден успех би ги зацврстил во Топ-4, дури можеби и со скок на второто место.

На гостите им недостасува Хамес Родригес, но и без него играат одличен фудбал во декември и се фаворити против фенерџијата.

Шефилд јунајтед веќе нема што да брани, сите аларми и ромкови за прва победа се минати, па ќе мора да игра на победа. Евертон е во топ-форма, нападот што го предводи сензационалниот Калверт-Луин функционира одлично, па головите се добра опција. Ние ќе типуваме дека ќе ги има, особено во второто полувреме.

Предлог тип: ГГ второ (3.40)

 

Квоти на денот во Sport Life се: 

1001 Лестер – Манчестер јунајтед Х2&2-4 (2.25)

1004 Арсенал – Челзи Т2 2+&ГГ (3.00)

1005 Манчестер сити – Њукасл 1-1&2-4 (2.70)

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести