8001 Лос Анџелес клиперс – Далас маверикс (НБА, 21.30 часот)
Кавај Ленард веројатно нема да игра за домаќините по незгодната повреда на претходниот меч, кога неговиот соиграч Серж Ибака ненамерно го удри со лакт.
Тоа ќе биде хендикеп за Клиперс бидејќи Ленард е првата ѕвезда на тимот. Домаќините тешко ќе најдат алтернатива за еден од најдобрите играчи во Лигата, но сепак имаат добар тим што може да го победи Далас.
Гостите тргнаа со два порази. Вториот им е во Лос Анџелес, но од Лејкерс, и тоа убедлив со 23 поени разлика.
И веднаш на стартот од сезоната јасно е дека Далас има многу проблеми кога не игра Кристапс Порѕингис, кој е повреден. Лука Дончиќ веќе е мегаѕвезда во НБА, но нема штоф покрај себе што може да им помогне на Маверикс да влезат во победничка серија. Хардавеј и Ричардсон се само добри клупски играчи, но не и потенцијал за високи дострели.
Маверикс имаа и несреќа да ги играат стартните три меча на гостински терен, па ќе типуваме дека ќе си заминат дома и со трет пораз по ред.
Предлог тип: 1 (1,57)
1612 Шарлот хорнетс – Бруклин нетс (НБА, 01 часот)
Со Кајри Ирвинг и Кевин Дурант, Бруклин нетс имаат сосема нов лик и се еден од фаворитите и за првото место во Источната конференција.
Популарните мрежички имаат одличен тим и се добро покриени на сите позиции со две мегаѕвезди, па ако Кајри и Кевин ги избегнат повредите, амбициите се големи.
Бруклин ги доби стартните два меча во новата сезона со над 25 поени разлика, а особено импресионираше триумфот против Бостон селтикс на гостински терен со 123:95. Ирвинг и Дурант одиграа професорски против една од најсилните екипи во НБА, па и сега се големи фаворити против Шарлот.
Хорнетс тргнаа со два порази, имаат скромен состав и немаат играчи што можат да го сопрат дуото Олстар-ѕвезди на гостите.
Предлог тип: 2 (1.52) Супер тип на Sport Life
8469 Вашингтон визардс – Орландо меџик (НБА, 01 часот)
Ова е реприза од вчерашниот дуел што заврши со победа на гостите од 120:130. Се играше ефикасно дури со 250 поени вкупно, па нема причина да не гледаме реприза една ноќ подоцна.
Вашингтон се засили со Расел Вестбрук, но го загуби Џон Вол, а резултати повторно нема. Стартот со два порази најавува нова разочарувачка сезона за тимот од главниот град на САД.
Бредли Бил и Вестбрук се одличен тандем, но проблем е остатокот од тимот што е далеку од нивото на двете Олстар-ѕвезди. Втор проблем е што и Бил и Вестбрук се исклучителни индивидуалци, пречесто и себични, па за Стив Брукс ќе биде вистински предизвик да ги скроти и да ги принуди да играат повеќе тимски отколку индивидуално.
Орландо е со стандардниот тим веќе неколку сезони, а со две победи на стартот, особено во Сончевото дерби на Флорида против Мајами хит, најави дека конечно може да стигне до плејофот.
Никола Вучевиќ и Ерон Гордон се главни ѕвезди во тимот, но и имињата на Фурние, Фулц, Рос… ветуваат дека конечно може да се оствари целта.
Предлог тип: >227.5 поени (227.5 поени)
8544 Стефон Кари (НБА, Чикаго булс, Голден стејт вориорс, 02 часот)
Една од најголемите ѕвезди во НБА не е навикнат на порази, но за Кари дојде и период кога мора да трпи неуспеси и со 30-40 поени разлика, откако со Воините освои три титули во пет финалиња во последната декада.
Веднаш по дебаклот против Милвоки бакс, кога ГСВ загубија со 138:99, Кари ги предупреди соиграчите дека мора да играат многу подобро, за да се победува во најсилната кошаркарска лига на светот.
На првите два меча и неговиот учинок беше скромен, но како прифатлив аргумент и за него и за целиот тим е што играа против два големи фаворити Бруклин и Милвоки. Чикаго е екипа во ист ранг на Голден стејт, па Воините очекуваат прва победа во новата сезона, а за тоа им треба блесок на Кари.
Ако одигра како што знае, Стефон лесно може да ја мине границата од 26 поени.
Предлог тип: >25.5 поени (1.60)
8500 Сакраменто кингс – Феникс санс (НБА, 03 часот)
И во Сакраменто ќе има реприза од вчерашниот дуел што го добија Кингс со 106:103. И двете екипи имаат огромен потенцијал и добри млади играчи, па се очекува нов неизвесен меч.
Кингс конечно се комплетни и сите важни кошаркари се здрави, па стартот на новата сеазона со две победи ветува многу. Бековите Фокс и Хилд се движечката сила на тимот.
И кај гостите младоста е голем адут, а од Букер и Ајтон, кои имаат голем потенцијал, се очекува многу. Тимот се засили со ветеранот Крис Пол, што е доволно за атак на место во плејофот.
Ноќеска дуелот заврши со малку поени, под 110, така беше и на последните три дуели меѓу Кингс и Санс, па ќе типуваме дека серијата ќе продолжи.
Предлог тип: < 228.5 поени (1.70)