1352 Гранада – Валенсија (Ла Лига, 17 часот)
Гранада има интересна серија за обложувачите и на последните пет натпревари во сите конкуренции не успева да даде или да прими гол во едно од двете полувремиња. Или поедноставно, петпати по ред нема одиграно 1+прво полувреме и 1+ второ полувреме.
Сега на гости им доаѓа тим што и дава и прима доста голови, па очекуваме прекин на серијата на Гранада денеска на „Лос Карменес“.
Гранада е во многу подобра позиција од Валенсија и е на седмото место со 21 бод, за разлика од гостите, кои се блиску до опасната зона за испаѓање само со 15 бода.
Голем адут на гостите е што никогаш немаат загубено од Гранада во меч од Ла Лига и серијата им е 11 меча без пораз од денешниот ривал.
Предлог тип: 1+I&1+II (1.83)
1142 Брентфорд – Борнмут (Чемпионшип, 18.30 часот)
Двете екипи се во одлична форма, со долги серии без пораз. Брентфорд летоска ја продаде најголемата ѕвезда во тимот, Оли Воткинс, но и без него газат одлично во новата сезона во Чемпионшип и се меѓу главните кандидати за промоција во Премиер лигата.
Домаќините имаат импресивна серија од 15 меча без пораз, а во таа низа го елиминираа и прволигашто Њукасл во Лига купот. Експресно најдоа и замена за Воткинс во 24-годишниот Иван Тонеј, кој е прв стрелец во Лигата со 16 погодоци.
Борнмут е во серија од пет меча без пораз, го задржа костурот на тимот што лани играше во Премиер лигата, па и тие се меѓу главните кандидати за камбек во најсилната англиска лига.
И двете екипи имаат ист биланс на победи и нерешени, 10-8, а Брентфорд има еден меч повеќе и еден пораз повеќе (вкупно 3) од Борнмут. Некако има баланс и во досегашниот ефект на двете екипи и по квалитет се тука некаде израмнети, па ремито не би бил лош исход и за Брентфорд и за Борнмут.
Предлог тип: Х (3.10)
1353 Атлетико Мадрид – Хетафе (Ла Лига, 19.15 часот)
Атлетико Мадрид има уникатна серија во дуелите со Хетафе што не е забележана во европскиот фудбал. Популарните Јорганџии немаат примено гол од ривалот во малото мадридско дерби на последните 15 меѓусебни натпревари во Ла Лига, или ако се сметаат и мечевите од Копа дел Реј, бројката е 17.
Тоа е импресивна низа што трае цели 8 години, од поразот на Атлетико во 2012 година со 3:2. Оттогаш играчите на Хетафе не знаат што е радост по постигнат гол против градскиот ривал од Мадрид.
Некако со моментната состојба и формата мириса дека серијата ќе продолжи. Атлетико е на првото место само со еден пораз на 13 натпревари и е во топ-форма. За разлика од нив, избраниците на Бордалас не се на препознатливото ниво од претходните сезони, кога беа вистински хит во Шпанија и имаат само една победа на последните пет меча.
Со 17 бода, Хетафе е поблиску до зоната за опстанок отколку до горниот дел од табелата, игра многу поскромно и типуваме дека пак нема да постигне гол во мрежата на Јан Облак.
Предлог тип: НГ&0-2 (1.78)
1354 Селта – Уеска (Ла Лига, 19.15 часот)
Едуардо Кудет донесе импресивен пресврт на работите во Виго и под команда на новиот тренер Селта не знае за пораз. Аргентинецот успеа да ги наштима редовите на Селта, која има квалитетен тим, но пред Кудет не играше добро.
Серијата со тренерот што некогаш играше за клубот од Виго, но не остави посебен впечаток е одлична и Селта е непоразена на шест меча по ред, пет од нив се победи, а едната е во меч од шпанскиот куп.
Уеска се мачи во сезоната во која се врати во Ла Лига и има само една победа на 15 меча, па претпоследното место на табелата е логично.
Селта има и подобар тим и е во многу подобра форма, но Уеска е рекордер моментно дури со 9 ремија, па ќе типуваме дека домаќинот нема да загуби на меч со најмалку два гола.
Предлог тип: 1Х&2+ (1.48)
1120 Њукасл – Ливерпул (Премиер лига, 21 часот)
Ливерпул е неприкосновен во дуелите со Њукасл во последните неколку години и има серија од пет победи и вкупно 7 меча без пораз.
Последрн пат Чавките го победија актуелниот првак во 2015 година на домашен терен со 2:0. Њукасл имаше проблеми со корона-вирусот и има натпревари за доигрување.
Избраниците на Стив Брус влегоа во серија мечеви без победа, а патем беа и елиминирани од второлигашот Брентфорд во Лига купот. Кај нив се чувствува пад на формата, што ќе се обиде да го искористи лидерот во Англија.
И Ливерпул има доста проблеми со повредени и отсутни играчи, но има многу поквалитетен тим и ќе победи.
Предлог тип: 2&T2 2+ (1.49)
Квоти на денот во Sport Life се:
Тотенхем – Фулам 1 пдг&3+ (2.70)
Њукасл – Ливерпул 2&3-5 (2.20)
Елче – Реал Мадрид 2-2&2-5 (2.55)