1601 Индијана пејсерс – Кливленд кавалирс (НБА, 21 часот)
Силите ќе бидат израмнети кога се работи за отсутни играчи во двата табори, а двете крила со Ол-стар потенцијал, Ти-Џеј Ворен кај Индијана и Кевин Лав кај Кливленд нема да играат.
И бројот на победи и порази на стартот од сезоната им е ист, по 3 успеси и по еден пораз, па триумфот ќе значи многу како добра основа за продолжението на сезоната во Новата 2021 година.
Кливленд ги доби двата тест натпревари против Пејсерс во подготвителниот период, кога се игра со комбинирани состави, но ги загуби последните два од регуларниот дел во ланската сезона.
Според нас домаќинот има поквалитетен тим, добро балансиран и со големи шанси да игра во плејофот, па ќе ја искористиме можноста што ја нуди Супер типот на Sport Life и ќе одиграме единица со зголемен коефициент.
Предлог тип: 1 (1.53) Супер тип на Sport life
8356 Бредли Бил (НБА, Вашингтон – Чикаго, 23 часот)
На еден од најдобрите бекови-шутери во НБА лигата му фалеше само еден поен за да ја мине границата од 29.5 на дуелот меѓу Вашингтон визардс и Чикаго булс пред две вечери, па сега ќе оди на „поправен испит“.
Бил е главната ѕвезда на тимот од главниот град на САД, заедно со засилувањето Расел Вестбрук, но тандемот бекови засега не успева да го доведе Вашингтон до прва победа во новата сезона.
На Бредли му одговара играта на Чикаго, постојано успева да го наполни кошот на Булс, а рекорд му се 53 поени што ги уфрли на почетокот на 2020 година, во претходната НБА сезона.
Предлог тип: >29.5 поени (1.85)
8327 Хјустон рокитс – Сакраменто кингс (НБА, 01 часот)
Најавено е деби на Џон Вол за Хјустон рокитс, па ќе биде интересно да се проследи првиот меч на еден од најдобрите бекови по дога пауза.
Тоа ќе го збогати и онака ултра-офанзивниот стил на игра на Ракетите, кои го имаат и најдобриот стрелец во Лигата, Џејмс Харден.
Ефикасен е и Крис Вуд што е најава за нов меч на Хјустон со многу кошеви. Ран-енд-ган играта на Ракетите засега не им носи резултат, имаат два порази на два меча, но нема да се откажат од својот стил на игра.
И Сакраменто има одлични кошаркари, Кралевите добро ја почнаа сезоната со биланс 3-1, а и знаат да одиграат натпревар со многу поени.
Последните натпревари меѓу овие два тима беа исклучително ефикасни, па и сега во празнично расположение очекуваме нов плус во поени на дуелот што ќе се игра во „Тојота центар“ во Хјустон.
Предлог тип: >229.5 поени (1.87)
8480 Џулиус Рендл (НБА, Торонто – Њујорк, 01.30 часот)
Конечно и Рендл игра како што од него долго очекуваа и навивачите на Никс и раководството и на стартот од новата сезона е меѓу најдбрите стрелци во лигата.
Њујорк има солиден старт со по две победи и два порази, а со просек од 24.8 поени Рендл е прв стрелец на тимот и вкупно 13-ти моментно во НБА лигата.
Ноќеска ќе има сериозен противник и ќе игра против Паскал Сијакам, кој е добар дефанзивец, но е не и во топ класата одбранбени играчи во НБА, па Рендл, кој е во топ-форма може да ја мине границата од 22.5 поени.
Предлог тип: >22.5 поени (1.87)
8340 Јута џез – Феникс санс (НБА, 03 часот)
Јута двапати убедливо го победи Феникс во подготвителните натпревари пред стартот на новата сезона, но и ги загуби двата последни дуели на домашен терен од Санс во регуларен дел од сезоната.
Феникс има млад тим со многу потенцијал што го носат одлилните Букер и Ајтон, дополнето со многу квалитет и искуство на ветераните Пол и Краудер. Добро избалансиран тим што има амбиции конечно да игра во доигрувањето за титулата.
Стартот им е одличен со три победи и еден пораз, па ќе сакаат да продолжат во победничко темпо. Јута стандардно го има речиси истиот тим од лани, со многу малку промени.
Бековскиот тандем Мичел-Конли е еден од најдобрите во НБА, центарот Гобер е во топ-5 дефанзивци во лигата, а добри клупски играчи се Богдановиќ, О`Нил, Инглс, Кларксон…
Јута е фаворит, но ние ќе типуваме дека нема да успее да ги порази гостите со повеќе од шест поени разлика.
Предлог тип: 2 со хендикеп 6.5 поени (1.60)