Бруклин и Аталанта кријат добитен хет-трик

1608 Шарлот хорнетс – Мемфис гризлис (НБА, 01 часот)

Голем удар за Мемфис е повредата на Џа Морант, а интересно е што Мечките на стартот на сезоната го добија само дуелот на кој им се повреди главниот адут во тимот.

Гостите имаат триумф против Бруклин и три порази и многу проблеми со повредите. Покрај Морант уште шестмина кошаркари нема да настапат против Шарлот, а неизвесен е и уште еден кошаркар.

Шарлот почна со два порази, но потоа забележа две вредни победи против екипи со поголем рејтинг од нив. Ги победија и Бруклин и Далас, па очекуваат хет-трик.

Поради големиот број на отсутни кај гостите имаат и шанса да ја продолжат серијата победи, а коефициентот за единица е многу солиден.

Предлог тип: 1(1.60) 

 

8671 Далас маверикс – Мајами хит (НБА, 01 часот)

И Далас и Мајами во финишот на 2020 година играа променливо, па имаше и победи и порази со високи разлики. Маверикс блеснаа на историскиот меч против Лос Анџелес клиперс. Ги добија првите 24 минути со 77:27, што е рекордна разлика на полувреме во историјата на НБА лигата, славеа со 51 поен на крајот на мечот, против екипа што е меѓу топ-кандидатите за титулата и потоа загубија со 19 поени дома од Шарлот хорнетс.

Пред дуелот со Клиперс, имаа пораз од 138:115 од Лејкерс, па магнитудата е чудна, со високи порази, но и блескава победа од 51 поен разлика.

Слично игра и финалистот од ланската сезона. Мајами загуби со катастрофални 47 поени разлика од Милвоки, 97:144, а веќе следната ноќ го победи истиот ривал со 119:108. Звучи чудно, но е вистинито, па некако и тешко се погодува конечен исход на стартот од сезоната во НБА.

Како да нема апсолутни фаворити, екипите се загреваат за продолжението на сезоната во новата 2021 година, па некако најдобар избор се чини е да се одигра на плус, или минус на поени.

За овој меч поради стилот на игра на двете екипи, а и според традицијата од претходните натпревари ќе типуваме дека ќе има повеќе од 222 поени.

Предлог тип: >222.5 поени (1.90)

 

8673 Бруклин нетс – Атланта хоукс (НБА, 01.30 часот)

Неочекувано драматично беше на дуелот меѓу Бруклин и Атланта на испраќањето на Старата година, на 31. декември, а фаворитот победи со многу мака.

Мрежичките славеа со 145:141 во еден од најефикасните мечеви во новата сезона. Имаше дури 286 поени комбинирано, па сега и границата на поени за новиот дуел е исклучително висока и изнесува 244.5 поени во Sport Life.

Изгледа примамливо, но и ризично да се одигра на плус поени, па овде ќе типуваме единица од Супер типот на Sport Life.

Очекуваме да играат и Дурант и Ирвинг, што е гаранција за успех на Бруклин, иако предводени од Тре Јанг и од Колинс и гостите имаат многу интересен тим.

Предлог тип: 1 (1.55) Супер тип на Sport Life

 

8423 Тре Јанг (Бруклин нетс – Атланта хоукс, НБА, 01.30 часот)

Младиот ас на Атланта одлично ја гради кариерата во НБА лигата и во третата сезона веќе е меѓу најдобрите кошаркари и топ-5 бекови во најсилната лига на светот.

Моментно е втор стрелец со просек од 33 поени, а е и многу интересен играч. Ги има сите квалитети да биде голема НБА ѕвезда. Му се погоди да има и доста соиграчи кои се млади и се убава перспектива за Хоукс.

На дуелот што Атланта го загуби со 145:141 завчера, Јанг постигна 30 поени, но во кусата НБА кариера има блесоци на мечевите против Мрежичките и постигнуваше по 47 и 39 поени.

Тре ќе бие битка на двата дела од теренот со Кајри Ирвинг, кој не е познат како добар дефанзивец, па очекуваме нов добар меч на младата ѕвезда на гостите и меч со над 30 поени.

Предлог тип: >30.5 поени (1.87)

 

8419 Кевин Дурант (Бруклин нетс – Атланта хоукс, НБА, 01.30 часот)

Како игра Дурант, милина е да се гледа НБА лигата. Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња се врати на паркет по пауза од речиси две години и игра како ништо да не му се случило.

Популарниот Дурантула е можеби и најелегантниот кошаркар што играл во НБА лигата, просто е незадржлив кога ќе влезе во ритам и може да постигне 15-20 поени во серија во една четвртина. Бруклин плати многу пари за него и се чини доби уште повеќе.

Тимот со него и со Кајри Ирвинг од аутсајдер се претвори во еден од фаворитите за титулата, а како игра дуото Ол-стар ѕвезди нема да биде изненадување ако стасаат далеку веќе оваа сезона.

Дурант го реши мечот со Атланта пред две ноќи, постигна 33 поени, па се чини дека границата од 27.5 поени за него нема да биде проблем, во ефикасен меч каков што се очекува.

Предлог тип: >27.5 поени (1.87)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести