8348 Орландо меџик – Кливленд кавалирс (НБА, 01 часот)
Двете екипи имаат неочекувано добар старт во новата сезона со по 4 победи и два порази. Орландо има проблем со отсуството на стандардниот бек Фурние, а на Кливленд му се повторуваат маките со Лав, кој повторно е повреден.
Колин Секстон конечно игра на нивото што од него го очекуваше Кливленд, тим што го одбра како осми пик на драфтот во 2018 година.
Одличниот бек-шутер на Кавалирс моментно е десетти најдобар стрелец во НБА-лигата со просек од 26 поени по меч и тој е моторот на тимот што има изненадувачки добар старт во новата сезона.
Орландо повторно се потпре на проверени и искусни кошаркари, а лидери на паркетот се Вучевиќ и Гордон. Фурние ќе недостасува на дуел што е значаен за Меџик и може да им донесе поспокојно продолжение на сезоната со пет победи на првите 7 натпревари.
Очекуваме во важен меч за двете екипи, подобрата игра во дефанзива да го одлучи победникот и ќе типуваме на минус поени.
Предлог тип: < 217.5 поени (1.85)
8330 Филаделфија 76 – Шарлот хорнетс (НБА, 01 часот)
Филаделфија минатата ноќ го декласира Шарлот со 127:112, а победникот беше решен по фуриозната прва четвртина што Сиксерс ја решија во своја корист со 39:24.
Филаделфија има одлична прва петорка со триојца кошаркари од олстар калибар, предводени од Џоел Ембид. Неговите недоразбирања со Бен Симонс се минато и двајцата функционираат беспрекорно на почетокот на новата сезона, што е многу значајно за Филаделфија.
Ембид е 11-ти најдобар стрелец во НБА со 25 поени во просек, Симонс е десетти асистент во лигата со 7,2 прецизни додавања по меч, а одлично тргна и Тобијас Херис со просек од 18,8 поени, па Филаделфија е лидер во НБА со пет победи и само еден пораз.
Играта на Шарлот премногу зависи од Розие и од Хејворд, што е недоволно за позначаен исчекор, па тимот има две победи и четири порази.
Филаделфија е вистински баук за Шарлот, Сиксерс дури 13 пати по ред ги победуваат денешните ривали и ќе типуваме дека ќе ја продолжат серијата во сличен меч како тој ноќеска.
Предлог тип: 1-1 (1.55)
8332 Мајами хит – Оклахома сити тандер (НБА, 01.30 часот)
Мајами хит сè уште е во зимски сон и стартот во новата сезона во НБА лигата им е скромен. Ланскиот финалист во најсилната кошаркарска лига има само две победи на пет меча и време е за враќање на патеките на успехот, што лани ги доведе до чекор од освојување на титулата.
Хит се чини погрешија што дозволија да си замине Краудер. Искусното крило беше значајна алка во ланскиот подвиг на Мајами и одигра одлична сезона. Неговото место во стартната петорка го пополни трофејниот ветеран Игудала и засега таа варијанта не функционира најдобро кај Мајами.
На гости им пристигна Оклахома сити тандер, екипа што трипати по ред го победува Мајами на последните гостувања во „Американ ерлајнс“ арената.
И Оклахома го смени ликот од претходните години, си заминаа тројца стартери, Пол, Адамс и Галинари, па веднаш тоа се одрази и на резултатите. Тандер имаат идентичен старт како и Мајами со две победи и три порази, па овој меч е значаен за враќање на самодовербата.
Хит имаат подобар тим и ќе типуваме дека ќе ја прекинат серијата од три порази на домашен терен од Оклахома.
Предлог тип: 1 (1.32)
8333 Торонто репторс – Бостон селтикс (НБА, 01.30 часот)
Шампионот во НБА од пред две сезони игра лошо и има само една победа на пет меча. Заминувањето на Кавај Ленард од шампионскиот тим на Репторс се покажа како ненадоместлива загуба за тимот, иако останатите четири стартери се исти.
Лаури и Ван Флит играат променливо на стартот од новата сезона, Сијакам е непрепознатлив и Торонто комплетно го загуби победничкиот курс, што ги доведе до сезнационална титула во 2018 година.
Бостон ги елиминираше Репторс во возбудлива четвртфинална серија на Истокот во ланскиот плејоф, па ова е дерби во програмата од вкупно 9 меча што ќе се играат ноќеска.
Селтикс го имаат истиот тим од лани, без Гордон Хејвард, но им пристигна Тристан Томпсон, кој е одличен дефанзивец и ќе им помогне во обидот да се стигне далеку во новата сезона.
Мечевите на овие две екипи се секогаш возбудливи, во последно време ривалитетот се крена на високо ниво, а натпреварите најчесто се тврди со малку поени.
Предлог тип: < 214.5 поени (1.90)
8349 Хјустон рокитс – Далас маверикс (НБА, 02 часот)
Дербито во Западната конференција ќе биде „осакатено“ без учество на три големи ѕвезди. Кај Хјустон нема да игра првиот стрелец во Лигата, Џејмс Харден, а гостите се со уште поголем хендикеп и ќе играат без Лука Дончиќ и Кристапс Порѕингис, што драстично им ги намалува шансите за успех.
Иако Харден е една од најголемите ѕвезди во НБА, Ракетите имаат солидна замена за него. Ерик Гордон ќе игра на местото на топ-стрелецот, па со неговото искуство и квалитет може да го надомести отсуството на популарната „Брада“.
Далас нема таква среќа и нема квалитетни замени за Дончиќ и за Порѕингис, па се очекува нов пораз на Маверикс во „Тојота центар“ во Хјустон.
Предлог тип: 1-1 (2.40)