26.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Шестките се гаранција за успех во Серија А

3003 Сампдорија – Интер (Серија А, Италија, 15 часот)

Интер по долг период е конкурент за Скудетото и има реални шанси за подвиг. Нераѕурите одлично ја почнаа новата година, го декласираа Кротоне со 6:2 и денеска ќе се обидат да ја продолжат низата позитивни резултати и на Мараси.

Интер игра одлично против Сампдорија и има активна серија од шест победи по ред. Популарната Самп последен пат го надигра денешниот ривал во 2017 година и тоа на гостински терен.

Проблем за Интер може да биде евентуалното отсуство на Ромелу Лукаку. Белгиецот е во топ-форма, со 12 гола е втор стрелец во Серија А, но се жали на повреда на бутниот мускул и не се знае дали ќе игра.

Сепак и без него Интер има и мотиви и квалитет да ја победи Сампдорија, екипа против која во последно време успева да освојува бодови во ефикасни натпревари.

Предлог тип: 2&ГГ (3.30)

 

3005 Лацио – Фиорентина (Серија А, Италија, 15 часот)

И Лацио има слична серија успеси против Фиорентина, каков што е случајот со Интер во дуелите против Сампдорија. Виолетовите денеска имаат незгоден ривал што не го победиле од 2017 година, или на шест меча по ред во Серија А.

Фиорентина ја стабилизираше формата, а победата против Јувентус, убедлива со 3:0 во Торино, беше вистинска сензација и им дава крилја на Рибери и соиграчите да се надеваат на нов подвиг.

Лацио има голем адут во Чиро Имобиле, лани најдобриот стрелец во Европа, сега трет на листата во Калчото со 10 гола. Бодовите се многу важни за двете екипи. Лацио ќе се обиде да ја прекине мини-серијата од два меча без победа, а за Фиорентина е приоритет да не загуби и на петтиот меч по ред.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.50)

 

3006 Аталанта – Парма (Серија А, Италија, 15 часот)

Како игра Аталанта, црно и се пишува на Парма, екипа која нанижа три порази по ред и нема победа на последните шест натпревари во Серија А.

Аталанта ја почна новата година со импресивна победа од 5:1 против Сасуоло, во меч на кој бергамашите упатија дури 20 удари кон голот на гостите.

Нема да отстапат од својата тактика и против Парма, па може да се очекува агресивна, напаѓачка игра на домаќините од самиот почеток.

И тука шестката е значаен фактор, а домаќините немаат пораз од Парма на последните шест натпревари во најсилната италијанска лига.

Аталанта е третата најефикасна екипа во Серија А, Парма има една од најслабите одбрани сезонава во Калчото, па ќе типуваме на голови со комбиниран знак.

Предлог тип: 2-3I&4+ (3.65)

 

1958 Бешикташ – Ризеспор (Суперлига, Турција, 17 часот)

Бешикташ нанижа четири победи по ред и со триумф денеска ќе биде лидер во турското првенство. На гигантот на гости му доаѓа еден од омилените противници.

Ризеспор нема првенствена победа против „црно-белите“ од 2006 година, или веќе 15-та година по ред. Импресивна е серијата на Бешикташ од 16 меча без пораз во меѓусебните дуели со денешниот ривал.

Ризе игра солидно во новата сезона, на три меча по ред е непоразен, но пред гостувањето кај Бешикташ има многу непријатна традиција и големи маки со повредени играчи.

Најавено е дека петмина фудбалери нема да играат, а уште двајца се неизвесни за настап на „Водафон парк“ во Истанбул, па ќе типуваме дека серијата успеси на гигантот ќе продолжи.

Предлог тип: 1 (1.47)

 

3009 Наполи – Специја (Серија А, Италија, 18 часот)

Специја ги минува сите искушенија во дебитантскиот настап во Серија А, па по солидниот старт во историската сезона стасаа и поразите во серија.

Постојани имаат многу проблеми со повредени и отсутни играчи, па темпото станува пресилно за нив во најквалитетната италијанска лига.

Специја има серија од 7 меча без победа и тепко дека ќе успее да ја сопре на гостувањето кај еден од најквалитетните тимови во Серија А.

Наполи се надева на подвиг сезонава и атак на Скудетото, па нема поинаков избор, освен атак на победа од првата минута против денешниот гостин на „Диего Армандо Марадона“ стадионот во Неапол.

Предлог тип: 1-1 (1.71)

 

Квоти на денот во Sport Life се:

3003 Сампдорија – Интер 2&2-5 (2.25)

3009 Наполи – Специја Т12+&ГГ (2.70)

1301 Атлетик Билбао – Барселона Т2 1+I&T2 2+ (2.55)

 

 

- Оглас -

Најнови вести