220.000 Французи со петиција бараат да се преигра финалето, половина милион Аргентинци им порачаа да престанат да плачат

Француските фанови веднаш по завршување на Светското првенство во кое Аргентина во финалето ги совлада Триколорите по подобро изведување пенали, покренаа петиција со која бараат да се преигра мечот за титулата бидејќи судијата Марчињак признал нерегуларен гол на Гаучосите, а сега Аргентинците им одговорија на идентичен начин.

Аргентинците покренаа петиција која ја нарекоа „Французи, престанете да плачете“ и веќе се собрани речиси половина милион потписи. Оваа бројка е двојно поголема од таа на Французите, која досега ја потпишаа 220.000.

Аргентинците својата петиција ја покренаа на страницата „Change.org“ и која веднаш стана вирална и се очекува за многу брзо време да има половина милион потписи, до денеска се собрани 433.000 потписи.

„Откако триумфиравме на СП, Французите не престануваат да плачат. Не можат да прифатат дека Аргентина е светски шампион. Оваа петиција е направена за тие да престанатда плачат и да прифатат дека Лионел Меси е најдобар фудбалер на сите времиња“, стои во описот на петицијата.

Французите по финалето се жалеа дека голот на Меси е нерегуларен и поради тоа треба да биде повторен натпреварот. Но, потоа се огласи судијата што ја делеше правдата во финалето. Симон Марчињак, кој изјави дека и еден гол на Мбапе е нерегуларен.

Петицијата на Французите нема ништо да промени, ФИФА сигурно нема да одлучи да се преигра натпреварот, а Аргентинците со својата петиција сакаат да им покажат на ривалите дека треба да го прифатат поразот.

- Оглас -

Најнови вести