Васоски не отстапува – Двете Борусии му се победнички тандем и за 16. коло во Бундеслигата

1802 Борусија Дортмунд – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Халанд се врати во тимот на Борусија и веднаш се почуствува неговиот ефект со два гола во големата победа против Лајпциг на гостински терен.

Борусија има полетен тим со многу млади фудбалски ѕвезди и со сезони во серија играат атрактивен и напаѓачки фудбал.

Очекувам така да биде и против Мајнц, екипа која е во криза и на последното место со само шест бода и една победа на 15 натпревари.

На последниот меч што го одиграа двете екипи во јуни лани, Мајнц изненади со победа од 2:0 на гости, но сега ќе следи реванш и победа на Борусија со предност и на полувремето и со најмалку три гола на „Вестфален“.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.12)

 

1803 Хофенхајм – Арминија (Сабота, 15.30 часот)

Хофенхајм има многу проблеми со повредени играчи што се одрази на резултатите на тимот во последно време. Елиминацијата во германскиот куп од второлигашот Гројтер Фурт и особено дебаклот од Шалке 04 во минатото коло во Бундеслигата се незгодни за екипата што лани беше шеста на табелата и обезбеди настап во Европа Лигата.

И денеска Хофенхајм ќе има доста проблеми со отсутни играчи, најавено е дека дури деветмина нема да играат, но сега и победата е императив за нив, по трите порази по ред.

Арминија има за цел да обезбеди опстанок. Во последните три кола успеаја двапати да победат, но имаат скромен тим и за нив мисијата ќе биде тешка.

Хофенхајм е поквалитетен тим и покрај сите проблеми, има две победи против денешниот ривал во двата меча што ги одиграле против Арминија во Бундеслигата и типувам дека ќе направат и хет-трик.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

1804 Волфсбург – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Лајпциг ќе се обиде да се рехабилитира по поразот во дербито со Борусија Дортмунд, а игра против ривал со кого има одличен биланс во последно време.

Биковите немаат пораз од Волфсбург на последните 8 меча и се уште се памети нивната победа од 6:1 на гостински терен пред две години во меч од германскиот куп.

Волфбург игра многу солидно сезонава и најавува битка за позициите што водат во Европа. Шанса за победа денеска им се и големите кадровски проблеми што ги има Лајпциг.

Најавено е дека нема да играат Сабицер и Собослаи, двата клучни играчи во офанзивата на гостите, но и без нив Биковите мора да одат на победа во битката за титулата.

Лајпциг ја има најдобрата одбрана во Бундеслигата со само 12 примени голови, а и Волфбург одлично знае да се брани и ја има третата најдобра дефанзива со 17 примени гола.

Сепак денеска се игра дерби на „Фолксваген“ арена и очекувам меч со многу погодоци.

Предлог тип: 3+ (1.77)

 

1806 Вердер – Аугсбург (Сабота, 15.30 часот)

Вердер игра лошо на домашен терен сезонава и серијата од пет меча без победа на „Везер“ во Бремен е опасна за клубот во битката за опстанок.

И оваа сезона ќе бијат голема битка за да не испаднат од Бундеслигата, па за да ја остварат целта мора да освојуваат бодови, особено на домашен терен.

Аугсбург победи на последните две гостувања со по 1:0, против Келн и Арминија, но и доживеа висок пораз дома од Штутгарт во последното коло и се еден од најнепредвидливите тимови во германското првенство.

Овде ќе ја почитувам традицијата и податокот дека на последните 13 меѓусебни дуели меѓу Вердер и Аугсбург имало најмалку по три гола.

Предлог тип: 3+ (2.12)

 

1807 Штутгарт – Борусија Менхенгладбах (Сабота, 18.30 часот)

Штутгарт изненади со одличните настапи кои ги доведоа до безбедната десетта позиција во Бундеслигата. Имаат одлични напаѓачи и штета е што Дарко Чурлинов има мала минутажа поради големата конкуренција во офанзивниот дел на тимот.

Борусија игра на три различни фронта, па можеби и очекуваа некој бод повеќе во Бундеслигата, но засега добро им оди и се во игра за горниот дом во германското првенство, продолжија и во купот, а ги очекува и нокаут осминафинале и во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Гостите имаат доста отсутни играчи, напаѓачите Плеа и Турам не играат веќе неколку кола, а сега се повреди и Емболо што е хендикеп. Особено поради фактот што се стеснува изборот на напаѓачи, а Борусија е препознатлива по офанзивниот стил на игра.

За среќа на тимот од Менхенгладбах одлично играат Штиндл и Хофман, постигнуваат голови во серија, а потстрек за нов триумф на тимот е големата победа против шампионот Баерн во минатото коло.

Иако имаат сериозни проблеми со отсуство на дел од првотимците, Борусија има поквалитетен тим од Штутгарт и ќе победи.

Предлог тип: 2 (2.30)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести