Плус поени на Јокиќ е подарок на денот – Во НХЛ пука од голови на сите страни

8351 Филаделфија флаерс – Бафало сејбрс (НХЛ, 01 часот)

Филаделфија минатата ноќ неочекувано и опасно настрада во дуелот со Сабјарките, а првиот пораз во новата сезона им е со резултат 1:6.

Бафало ја забележа првата победа и тоа на доминантен, убедлив начин го декласираа фаворитот. Блескаше стартната напаѓачка формација со вкупно 8 поени. Рејнхарт постигна два гола, а Ејчел и Хол имаа по три асистенции.

Бафало стартуваше со два порази, но има квалитетен тим што се разбуди толкму против Филаделфија. Дури и четвртиот напад блескаше со два гола на Лазар и аситснеција на Шенан што потврдува дека имаат широк ростер и квалитет за битка за плејфот.

Филаделфија со 12 гола по три кола е најефикасниот тим во Источната Дивизија во НХЛ лигата, Бафало е веднаш зад нив со 11 што е најава за нов ефикасен дуел на двете екипи, втора ноќ по ред.

Предлог тип: > 5.5 гола (1.70)

 

8355 Питсбург пингвинс – Вашингтон кепиталс (НХЛ, 01 часот)

На ред во рок од три дена е нов НХЛ класик меѓу две екипи што имаат три пехари во Стенли купот во последните пет изданија.

Питсбург лошо ја почна сезоната, со два порази, но го победи Вашингтон на пенали и најави дека нема да се откаже од битката за горниот дом во Источната конференција во НХЛ.

Двете легенди, Крозби и Малкин се уште се лидери на тимот што беше шампион во 2016 и во 2017 година. На спротивната страна е можеби и најсилниот стартен напад во НХЛ лигата составен од Овечкин, Оши и Бекстром.

Дуелите меѓу Питсбург и Вашингтон во последната деценија станаа вистински блокбастери што често одлучуваа и за титулата, па очекуваме да има нов спектакл во „ППГ Пеинтс“ арената во Питсбург.

Последните пет меѓусебни дуели им беа ултра-ефикасни, на сите имаше над пет гола, што е наш предлог тип и за мечот што ќесе игра ноќеска од еден часот.

Предлог тип: > 5.5 гола (1.55)

8186 Никола Јокиќ (НБА, Денвер нагетс – Оклахома сити Тандер, 03 часот)

Чудесните партии баскет на Никола Јокиќ продолжуваат и во новата сезона во НБА Лигата. Најдобриот центар во Лигата руши рекорди и во неколку категории веќе е во друштво со легендарните кошаркари во најсилната лига на светот.

Во моментов по 13 одиграни натпревари на Денвер нагетс, популарниот Џокер има трипл-дабл просек од 25 поени по меч, 11.4 скока и 10.3 асистенции што е блескав учинок достоен на најголемите кошаркари на сите времиња.

Ноќеска и задачата ќе му биде полесна, бидејќи Оклахома нема топ-класа центар во отсуство на Ал Хорфорд, кој нема да играа, а и тој не е класичен центар.

Ајзаја Роби и Мајк Мускала не се врвна класа играчи, па Јокиќ повторно може да го наполни кошот на Оклахома и да го предводи својот тим до седма победа во новата сезона.

Поткрепа за нашиот предлог-тип на плус поени се брилијантните игри на Јокиќ во новата сезона, но и учинокот против Оклахома на претходните натпревари.

Му лежи играта на Грмотевиците и на последните три меѓусебни дуели има даваша 28, 32 и 30 поени.

Предлог тип: >24.5 поени (1.87)

 

8395 Бојан Богдановиќ (НБА, Јута џез – Њу Орлеанс пеликанс, 03 часот)

Хрватскиот репрезентативец ја крена формата и на последните натпревари што ги играше Јута Џез е меѓу најдобрите стрелци.

Моментно просекот му е 13.5 поени, но на трите последни дуели постигнува по 18 поени во просек што е огромно подобрување.

Богдановиќ е роден шутер, типичен балкански производ на кошаркари со мека рака и ако влезе во ритам може да постигне и многу повеќе од 15 поени, колку што за него е во денешната понуда на Sport Life.

Стилот на игра на Пеликанс му лежи на Хрватот и на последните дуели против нив како член на Јута џез даваше по 28, 35, 26, што е многу над просекот.

Типуваме дека и ноќеска ќе биде ефикасен со над 15 поени против гостите од Њу Орлеанс.

Предлог тип: >15.5 поени (1.87)

 

1616 Јута џез – Њу Орлеанс пеликанс (НБА, 03 часот)

Јута фати опасен залет и ги меле противниците во НБА лигата со серија од пет победи. Во таа низа ги урнаа и одличните екипи на Денвер нагетс и на Милвоки бакс и конешно го презентираа екстра-квалитетот што го имаат во екипата.

Донован Мичел е прва ѕвезда на тимот, со Мајк Конли го сочинуваат еден од најдобрите бековски тандеми во НБА, а фино компонираната прва петорка ја дополнуваат и најдобриот дефанзивец во Лигата, Руди Гобер и крилата Богдановиќ и О`Нил.

Ноќеска веројатно нема да игра ветеранот Инглс, но Џез имаат и одличпни резерви. Ги предводи вториот најдобар стрелец воекипата Џордан Кларксон, а Јута игра одлична кошарка.

Њу Орлеанс има четири порази на последните пет меча и е аутсајдер во дуелот со третопласираната екипа во Западната конференција.

Тука за овој меч ја користиме можноста да одиграме единица од Супер типот на Sport Life со повисок коефициент од 1.55.

Предлог тип: 1 (1.55) Супер Тип на Sport Life

 

 

- Оглас -

Најнови вести