Прогнозерите оптимисти: Од шест меча собраа коефициент над 500

Дури четири победи на гостинските екипи и два триумфи на домаќините се исходите од првите шест меча од 20. коло на Спортска прогноза. Возбудувањата ќе продолжат денеска со уште шест натпревари, а интересно е што за денеска се очекуваат серија на нерешени натпревари.

Прв на листата е дуелот од Примера меѓу Осасуна и Гранада. Дури 46,33 отсто од 2.055 прогнозери очекуваат  мечот за заврши „икс“, односно да нема победник. Еден час подоцна игра Џенова на Горан Пандев и тоа на свој терен против Калјари, а три четвртини од прогнозерите, поточно 74,36 отсто очекуваат трите бода да завршат на контото на домаќините.

Со 60 отсто сигурност, Феенорд ќе го победи Аз Алкмар во дербито од холандското првенство, а потоа следува единствениот меч на кои гостите се фаворити. Речиси 50 отсто веруваат дека Лил ќе ги освои трите бода на гостувањето кај Рен.

Од 18 часот се игра дербито на денот во Европа. Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ го пречекува Ливерпул во меч од ФА Купот. Овие два тима играа пред неколку дена на „Енфилд Роуд“ и дуелот заврши 0:0. Сега, прогнозерите очекуваат уште една „нула“. За нерешено се 43 отсто, во Манчестер веруваат 34,4 отсто, а за победа на Ливерпул се 22,6 отсто од 2.055 прогнозери.

Последниот меч за денеска е средбата од Серија А меѓу Парма и Сампдорија. Во нерешено веруваат 43,75 отсто, а за победа на Парма се 34,79 отсто.

Вкупниот коефициент на овие шест меча е 504,68, што значи дека за само 20 вложени денари, можната добивка е 10.093 денари.

1306 Осасуна – Гранада            Х         2.95

3009 Џенова – Калјари              1         2.30

1638 Феенорд – Аз Алкмар       1        2.45

1709 Рен – Лил                             2        2.75

1113 Манчестер ј. Ливерпул     Х       3.45

3652 Парма – Сампдорија          Х       3.20

————————————————————————

Вкупен коефициент:                    504,68

 

- Оглас -

Најнови вести