1320 Леганес – Луго (Шпанија, Сегунда, 19 часот)
Леганес влезе во лош ритам и нема победа во Сегунда во новата година. Претрпе и два болни порази од директните конкуренти Мајорка и Лас Палмас за директен пласман во Ла Лига, или за настап во плејофот за пробив во најквалитетната шпанска лига.
На овој меч камбек на клупата на домаќините ќе има Асиер Гаритано, тренер кој го наследи Жозеп Марти по отказот од раководството на Леганес.
Гаритано беше тренер на Леганес од 2013 до 2018 година и одлично ги познава и средината и играчите, па очекува победнички камбек.
Ќе има доста проблеми бидејќи ќе мора да најде замени за двата бека, капитенот Бустинца и Ернандес, кои беа исклучени во претходното коло.
Луго е незгоден тим, но игра послабо на гости, а денеска домаќин ќе им биде еден од најсигурните тимови на свој терен, Леганес, кој има 8 победи и само два порази кога игра на „Бутарке арената“.
Предлог тип: 1 (1.77)
1541 Порто – Рио Аве (Португалија, Примеира, 20 часот)
Во европскиот фудбал веројатно никој нема подолга серија без пораз од таа на Порто во дуелите со Рио Аве.
Актуелниот португалски шампион не загубил од денешниот ривал на 35 натпревари по ред и тоа е импресивна серија што трае од 2004 година.
Порто има доста проблеми со играчкиот кадар, најавено е дека дури седуммина фудбалери ќе бидат отсутни, а уште тројца се неизвесни за настап на „Драгао“, вечерва од 20 часот.
Меѓу нив има и доста првотимци, но Змејовите немаат поинаков избор освен со победа да останат на второто место на табелата во трката за титулата и да ја продолжат импозантната серија на успеси против Рио Аве.
Порто не се откажува од јубилејната 30-та шампионска круна во Португалија и ќе најде начин да го победи Рио Аве.
Предлог тип: 1&T1 2+ (1.63)
1542 Мореиренсе – Брага (Португалија, Примеира, 20.45 часот)
Интересен дуел меѓу Мореиренсе и Брага, два тима што имаат сосема спротивен биланс досега во првенството.
Мореиренсе е зад Боависта со најмногу нерешени дуели, точно шест сезонава на 15 меча, а Брага ниту еднаш не одигра нерешено во популарната Примеира.
Гостите се фаворити и можно е ако победат, да се израмнат со Бенфика на третото место. Брага ќе се надева на подвиг до крајот на првенството и настап во квалификациите за ЛШ, а дури и можат да бидат конкуренти и за титулата или за второто место што води директно во фазата по групи во елитното европско клупско натпреварување.
Карлос Карвахал одлично го замени Рубен Аморим, кој замина да биде тренер на Спортинг и засега ги исполни очекувањата во клубот, кој моментно е на четвртото место во најсилната португалска лига.
Мореиренсе игра цврст фудбал и прима и дава малку голови, па овде ќе типуваме на победа на Брага, со одлучувачки гол(ови) во второто полувреме.
Предлог тип: Х-2 (4.20)
1310 Бетис – Осасуна (Шпанија, Ла Лига, 21 часот)
И двете екипи имаат многу проблеми со повреди на играчите, но денеска Осасуна ќе биде навистина драстично ослабена дури со деветмина фудбалери што нема да играат.
Меѓу отсутните е најдобриот стрелец на гостите Анте Будимир, а со него во аут се и Адријан, Брашанац, Авилја, Џони, Ронкалја, Рубен, Торо и Ернандес, па Осасуна ќе игра без важни играчи и во нападот, особено во средниот ред и дефанзивата.
Бетис ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да победи за да се зацрвсти на шестото место и да биде блиску до позициите кои водат во Европа.
Можно е и за домаќините да не игра најдобриот стрелец, Каналес, но Бетис има квалитетни замени за него. Тимот од Севилја прима многу голови, досега и најмногу во Ла Лига, 34, заедно со Гранада, но офанзивата им е солидна и типуваме дека нема да загубат од Осасуна во меч со најмалку два гола.
Предлог тип: 1Х&2+ (1.60)
1543 Спортинг – Бенфика (Португалија, Примеира, 22.30 часот)
За дербито на Лисабон секогаш се потенцира дека тоа е најважниот меч во Португалија, а ривалството на Спортинг и на Бенфика е огромно и ова е една од најзначајните градски фудбалски пресметки на планетата.
Ќе недостасува публика на трибините, но сè друго е тука и ќе има голема битка за бодови во исклучително важен момент за двете екипи.
Со победа Спортинг ќе направи 9 бода предност пред големиот ривал во трката за титулата, ќе се зацврсти на врвот на табелата и што е важно, ќе ја продолжи успешната авантура како единствен тим во Топ-6 лигите во Европа што се уште нема пораз.
Рубен Аморим ги прероди популарните Лавови од Лисабон, а сега имаат златна шанса да ја прекинат серијата од три порази против Бенфика.
Орлите имаа многу проблеми со ковид-19. Во последните десеттина дена имаа дури 17 заразени со коронавирус. Сега здравствениот билтен им е малку подобар, но ќе мора да одат на мегдан без неколку важни првотимци.
Влаходимос нема да брани, Отаменди исто така е надвор од редовите, напаѓачот Евертон е повреден, а и Тавареш не може да игра поради ковид-19.
Без разлика на сè, тешко е да се предвиди кој ќе победи во вакво дерби, со ривалитет од 1907 година, па ќе одиграме дека Спортинг нема да загуби со повеќе голови во второто полувреме на големото дерби на Лисабон.
Предлог тип: 1Х&2>1 (3.05)