1617 Тампа беј лајтнинг – Детроит редвингс (НХЛ, 23.30 часот)
Детроит повторно лошо почна сезона во НХЛ и само со две победи на 10 натпревари е последен во Централната дивизија.
Славните Црвени крилја од некои минати времиња имаат низа од шест порази по ред и ќе се обидат да приредат чудо против актуелниот шампион Тампа беј за да ја прекинат црната серија.
И интересно е што воопшто и не играат лошо против Грмотевиците во последните три години откако до последниот меѓусебен дуел во март лани што го добија со 5:4 на пенали имаа серија од 16 порази од Тампа беј.
Шампионот повторно има моќен тим, предводен од еден од најсилните стартни напади со Стамкос, Палат и Поинт, а и останатите позиции и три навални реда им се одлично стокмени.
Можеби мал хендикеп е што нема да игра Кучеров, повреден е и Габорик, но и Детроит има кадровски проблеми, па останува позицијата дека Тампа беј е голем фаворит за победа на домашен терен против Редвингс.
Предлог тип: 1 (1.65) Супер тип на Sport Life
8314 Филаделфија флаерс – Бостон бруинс (НХЛ, 02 часот)
Филаделфија нема пораз на последните четири меча, а последниот неуспех им е токму против Бостон на 24 јануари, кога беа декласирани со 6:1.
Ова е битка за првото место во Источната дивизија и се очекува жестока битка на мразот во „Велс Фарго центар“ во Филаделфија.
Гостите имаат поискусен состав, ги предводи легендарниот стартен напад со Маршанд, Бержерон и Пастрнак, едно од најдолговечните трио напаѓачи што без измени играат заедно за ист тим во НХЛ, во случајов за Бостон.
И Флаерс имаат свои адути, Ван Римсдејк лета на мразот во новата сезона и е во извонредна форма, а со одлични настапи изненади младиот Џоел Фараби, кој има само 20 години.
И двете екипи имаат опасни и многу квалитетни офанзивни оружја, па ќе типуваме дека ќе има најмалку пет гола на дербито во НХЛ-лигата.
Предлог тип: >4.5 гола (1.45)
8601 Мајами хит – Вашингтон визардс (НБА, 02 часот)
Двете екипи веќе одиграа еден меч во новата сезона и беше ултраефикасно со вкупно 252 поени, а мечот заврши со победа на Мајами од 128:124.
На тој меч за Вашингтон не играа двете главни ѕвезди во тимот, Бредли Бил и Расел Вестбрук, но сега ќе бидат во стартниот состав на Визардс, што ветува нов кошаркарски спектакл со многу поени.
Мајами знае да игра одлична одбрана, но тоа како да важи само за плејофот. Во регуларниот дел од сезоната се игра без публика, многу поопуштено, па и Хит се во ритамот на ран-енд-ган кошарката, што е заштитен знак и на Вашингтон, екипа која дава, но и прима многу поени.
Очекуваме кош-шоу на Бил, Вестбрук, Батлер, Драгиќ и останатите врвни кошаркари во двата табора и меч со многу кошеви.
Предлог тип: >229.5 поени (1.89)
8590 Оклахома сити тандер – Хјустон рокитс (НБА, 02 часот)
Ќе има реприза на старите ривали од Западната конференција и Оклахома и Хјустон повторно ќе играа во краток рок од два дена, и пак мечот е во Оклахома.
Хјустон ги прегази домаќините пред две ноќи со 136:106, но можно е сега да мора да играат без олстар-ѕвездата Џон Вол, кој постигна 18 поени и беше трет стрелец на мечот што Ракетите го добија со убедливи 30 поени разлика.
Ако за него сè уште постои шанса да игра, кај Оклахома сигурно ќе биде отсутен најдобриот играч стрелец Шеј Гилџес-Александер, што ќе биде голем хендикеп за Тандер во обидот да се рехабилитираат за катастрофалниот пораз.
По заминувањето на Џејмс Харден, Хјустон брзо се престрои, во екипата одлично се вклопија и Вол и Оладипо, па Ракетите играат атрактивна кошарка, брза, модерна со многу кошеви.
Постигнаа дури 136 поени на претходниот дуел, па и сега ќе типуваме дека ќе бидат ефикасни и дека ќе ја минат границата од 113 поени.
Предлог тип: Т2 >113.5 поени (1.81)
8363 Лаури Марканен (НБА, Чикаго булс – Њујорк никс, 02 часот)
Финецот често имаше повреди во последните година-две, но кога игра, тоа го прави одлично. Младиот крилен центар е одлична инвестиција на Чикаго булс, има само 23 години и во перспектива може да донесе многу добри работи за шесткратниот НБА-првак.
Марканен е типичен европски производ во НБА, има одлична техника, мек шут и може да игра и како крило, но и како центар во одредени ситуации, кога му е потребно на тимот.
Во последно време игра во топ-форма и на претходните два меча беше најдобар стрелец на Чикаго булс со учинок од 30+ поени.
Токму на Њујорк никс пред две ноќи им уфрли 30 поени, а и на претходниот меч на Биковите против Портланд беше прв стрелец со 31 поен.
Очекуваме нова добра партија баскет, со хет-трик 30+ на Марканен, а доволно за плус поени во Sport Life е да ја мине границата од 19 поени.
Предлог тип: >19.5 поени (1.87)